Шесте тројки за историја со кои Арон Несмит го уништи Њујорк во последните 5 минути

Петмина играчи меѓу кои Кари и Богдановиќ, успеале да реализираат шест тројки во една четвртина на плејоф натпревар, ама на никој не му успеало тоа во последната четвртина. Арон Несмит е луд, тоа го направи во последните 5 минути од мечот со шест тројки по ред.

Пресвртот на Индијана против Њујорк во првиот меч од конференицското финале на Истокот е едноставно нереален. Имаме видео од последните 5 минути кое два пати го гледавме и уште не ни е јасно.

Никси имаа целосна контрола над резултат и дури 17 поени предност после неколку минути игра во последната четвртина. На 5 минути до крај имаа +15, на 3 минути и 23 секунди +14, на 2 минути до крај +11, а 1 минута до +9, на 40 секунди до крај +8. И замислете не успеаа да победат.

Тоа се должи на надреалниот и вонсериски перформанс на Арон Несмит кој во последната четвртина им даде 20 поени од кои 17 само во последните 3 минути и 14 секунди.

Несмит одлепи целосно со шест тројки во последните 5 минути и ги помести границите во НБА лигата. На никој не му успеало вакво нешто во последната четвртина во плејоф.

Американските медиуми и социјални мрежи горат и го споредуваат со легендарниот Реџи Милер, легенда на Пејсерси и еден од најголемите тројкаши во НБА историјата.

Индијана Пејсерс со луд кош стигна до продолженија и победа во Њујорк

22 мај 2025 - 09:11