Оби Топин со потег како доктор Џулиус Ирвинг пред 45 години

Во ноќта зад нас Индијана Пејсерс уште еднаш го совлада најдобриот тим во НБА лигата во основиот дел, Кливленд Кавалирс со 129:109. Пејсерс водат сега со 3-1 во полуфинале на Истокот и се на прагот од пласман во големото финале втора година по ред. На овој натпревар кошаркарот на Индијана, Оби Топин повтори еден култен потег на легендарниот „Доктор“ Џулиус Ирвинг кој во 1980-та година на натпревар меѓу неговата Филаделфија и ЛА Лејкерс положи во голем стил и тоа стана негов препознатлив потег.

Интересно, Џулиус Ирвинг овој потег го направил токму на истиот ден кога и Оби Топин, само пред 45 години:

 

12 мај 2025 - 15:02