Оклахома ја растури и Минесота, доскорешниот тренер на Јокиќ го испофали МВП-то Шеј Гилџес

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер во уште една доминантна победа покажаа зошто важат за екипа број 1 сезонава во цела НБА лига. Во првиот антпревар од финалето на Западната конференција Оклахома со 114:88 ја разби Минесота Тимбервувлс и поведе со 1-0.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Шеј Гилџес-Александер кој е главен фаворит за МВП наградата и веќе се зборува дека тој е сигурен добитник на признанието пред Никола Јокиќ, синоќа постигна 31 поен, со 5 скока и 9 асистенции. Џејлен Вилијамс уфрли 19 поени со 8 скока и 5 асистенции, Чет Холмгрен 14 поени а Ајзеа Хартенштајн 12 поени.

Кај „волците“ Џулиус Рендл броеше до 28 поени со 8 скока, а нивниот лидер Ентони Едвардс додаде 18 поени со 9 скока и 3 асистенции.

Интересно после мечот, довчерашниот тренер на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун кој инаку важи за голем пријател на Никола Јокиќ, изјавил: „Се виде зошто ШГА (Шеј Гилџес-Александер е МВП“. А пред само некој месец Мелоун силно агитираше за МВП наградата да му припадне на Никола Јокиќ, па еднаш изјави: „Тој (Јокиќ) треба да добие 10/10 МВП награди и ако не го мислите тоа вие немате појма“.

21 мај 2025 - 08:07