
Оклахома Сити Тандер игра врвна кошарка. Доказ за тоа е новиот триумф над Минесота и тоа среде Минеаполис после што се на чекор од големото финале на НБА каде треба да дојде или Њујорк Никс или Индијана (серијата е 2:1 за Пејсерс).
Шеј Гилџес-Александр одново ги водеше „громовите“, овојпат со страшна партија со 40 поени, 9 скока и 10 асистенции. Од игра шутираше 13/30 за два. Фантастичен во триумфот беше и Џејлен Вилијамс кој уфрли 34 поени со 3 скока и 5 асистенции, 21 додаде Чат Холмгрен.
Кај Минесота Тимбервулвс затаи Ентони Едвардс со 1 поени а први стрелци беа Никел Александер-Вокер со 23 поени, 4 скока и 6 асистенции и Џејнден Мекданиелс со 22 поени, 4 скока и 2 асистенции. 21 поен уфрли Донте Дивинченцо, Руди Гобер имаше 13 поени и 9 скока а Наз Рид 11 поени, 6 скока и 2 асистенции.
Одбраната на Оклахома и овојпат беше на највисоко ниво а нападот стандардно најдобар во лигата. За победата на Сити Тандер голем удел имаа и 21 изгубена топка на Минесота Тимбервулс која и покрај тоа имаше шанси за прeсврт.
Сега серијата се сели во Оклахома каде МВП-то на сезоната ШГА и другарите ќе имаат пенал за пласман во големото финале на НБА и да го освојат трофејот на Западот.