Шеј Гилџес-Александер ја доби МВП наградата и ја поведе Оклахома до 2-0

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер повторно ја совладаа Минесота Тимбервулвс, овојпат со 118:103 и поведоа со 2:0 во финалната серија на Западот. Нивниот лидер ШГА ја доби МВП наградата за најдобар играч во лигата сезонава.

На првата средба Оклахома иако на крај убедливо славеше, до триумф дојде дури во последната четвртина, а синоќа водеа во текот на целиот натпревар а во еден момент имаа и 24+ поени предност. Натпреварот започна со мал инцидент откако при дофрлање на топката, домашниот кошаркар Лугуенц Дорт го поткачи главниот судија по нос и го раскрвари.

Пред натпреварот комесарот на НБА лигата Адам Силвер му ја додели наградата МВП „Мајкл Џордан“ на Шеј Гилџес-Александар кој е прогласен за најдобар играч во основниот дел од лигата.

Шеј во просек сезонава имаше 32 поени, 5 скока и 5 асистенции што го става на листата МВП добитници со ваков учинок каков што се Мајкл Џордан, Вилт Чембрлејн и Кевин Дурент.

Канаѓанецот стана втор кошаркар од оваа земја кој добил МВП награда за најдобар играч после Стив Неш кој како кошаркар на Феникс Санс два пати по ред се закити со ова врвно одличје. Шеј Гилџес-Александер потоа докажа зошто е лидер на тимот и со 38 поени, 3 скока и 8 асистенции ја водеше Оклахома Сити Тандер до втор триумф во финалето на Западот против Минесота Тимбервулвс.

Одлична партија имаше и Џејлен Вилијамс со 26 поени и 10 скока и 5 асистенции а врвна партија пружи и стандардно добриот Чет Холмгрен со 22 поени.

Кај „волците“ Ентони Едвардс блескаше и испиша историја. Стана најдобар стрелец во историјата на Минесота Тимберувлс. Синоќа постигна 32 поени, со 9 скока и 6 асистенции а Џејден Мекданиелс запиша 22 поени и 2 скока. Никел Александер-Вокер додаде 17 поени а Наз Рид 10 поени и 8 скока.

По големата борба во 7 дуели со Денвер Нагетс во претходната рунда, сега Оклахома Сити Тандер има полесна задача и со комотни 2-0 во победи ќе оди во Минеаполис на 2 наредни средби.

23 мај 2025 - 09:44