
Педантните статистичари за НБА лигата покажале дека бројот на забивања на Лука Дончиќ бележи драстичен пад од сезона во сезона.
Во својата прва сезона како млада суперѕвезда која дојде од Реал Мадрид, во сезоната 2018/2019 забил дури 25 пати во дресот на Далас Маверикс. Сезонава само ЕДНАШ забил и тоа уште додека беше играч на Мавси. Навивачите на ЛА Лејкерс уште чекаат негово атрактивно забивање.
Генерално, Дончиќ од 2018-та до 2023-та, односно во првите пет сезони во НБА забил вкупно 69 пати а од 2023-та до пролетва само три пати.
Секако, одговорот се крие во совети од лекарите и физиотерапевтите кои на сите високи кошаркари им препорачуваат полесно да ја стават топката во кош отколку да забиваат затоа што така можноста од повреди е многу поголема.
Throwback to Rookie Luka Doncic dunking. 🔥🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) February 20, 2025
(via @UsherNBA)
pic.twitter.com/HmWMqsjhrO
Rookie Luka 🔥 pic.twitter.com/AvrLx27E5L
— Brett Usher (@UsherNBA) February 6, 2025
ЗАБИВАЊАТА НА ЛУКА ДОНЧИЌ ПО СЕЗОНА:
2018/2019 - 25 забивања
2019/2020 - 14 забивања
2020/2021 - 11 забивања
2021/2022 - 7 забивања
2022/2023 - 12 забивања
2023/2024 - 2 забивања
2024/2025 - 1 забивање