Ветеранот на Бруклин Нетс не бил никогаш сметан за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Тој еднаш ја почувствува шампионската титула со Бостон, а кога ќе прочитате како му се полнела сметката во кариерата ќе сакате да ве посвои.
Кошаркарите на ЛА Клиперс го искажаа својот протест кон сопственикот на клубот, Доналд Стерлинг заради неговите расистички изјави со соблекување на нивните тренерки и се загреваа со маички без логото на тимот.
Кошаркарите на Атланта пропуштија шанса да се најдат на чекор до пласман во втората плејоф рунда откако по неизвесна завршница го загубија четвртиот натпревар.
Во шпанските весници во 1986-та година се појави информација дека репрезентацијата на Југославија силувала една хостеса на Тенерифе. Што всушност се случило...
Првата причина поради која супермоделот Нина Агдал се најде во нашата офсајд рубрика е затоа што е дел од „Спорт илустрејтед“, а втората е бидејќи стварно ја бива за баскет. Нејзиниот учинок е 3/3 од линијата за слободни фрлања и едно успешно атрактивно положување.
Џејмс Харден е еден од најефикасните играчи во лигата кога станува збор за офанзивниот дел од теренот, но кога игра во одбрана тој е како изгубен Германец. Еве неколку докази.
Оклахома губеше со 5 разлика на 15 секунди до крајот од вториот плејоф натпревар против Мемфис, а Кевин Дурент успеа во еден напад да постигне 4 поени, од кои 3 од невозможна позиција под фаул.
Кога Перо Антиќ стартува на центарската позиција, Атланта победува против Индијана. Така беше и на првиот натпревар од плејофот. Тимот на Перо Антиќ го изненади фаворитот и со победа ја стартуваше плејоф серијата против Индијана.
Ова се најдобрите забивања од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата како загревање пред почетокот на плејофот во најквалитетната кошаркарска лига на светот.
Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во седмото учество по ред во доигрувањето, кошаркарите на Атланта влегуваат со победничка форма по триумфот на гостувањето кај Милвоки.
Откако Атланта обезбеди пласман во плејофот, тренерот Баденхолцер и неговите играчи си дозволија да се опуштат и загубија во последната секунда од Шарлот.
По комплетирањето на четвртфиналните парови во најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување, ФИБА Европа ги објави најдобрите 10 потези од Топ 16 фазата.
Перо Антиќ ќе игра во плејофот на НБА лигата откако неговата екипа го осигура пласманот меѓу осумте најдобри во источната конференција и тоа со победа над шампионот Мајами Хит.
Леброн Џејмс имаше шанса со забивање во последните секунди да го реши натпреварот против Бруклин, но на патот до победата му се испречи Мејсон Пламли. „Кралот“ се жалеше и бараше фаул, но на крајот Бруклин победи со 87:88.