Лејкерски се прочитани во напад

Одбраната на Лос Анџелес Лејкерс не им е силна страна и тоа е јасно, но Бајрон Скот ќе треба под итно нешто да менува и во напад.

Коби Брајант знае дека тимот не е силен како порано, па оваа сезона ќе се обидува сè сам да прави како што знаеше додека беше во топ форма. Но проблемот е што таа стратегија веќе ја знаат противниците.

Тоа одлично се приметува во еден напад на синоќешниот меч против Феникс кога Брајант беше перфектно затворен да не може да влез под кош, а ниту да шутне како што треба.

Нападот го почнува со блок за да му отвори простор на Џереми Лин.

Се ослободува и ја бара топката, но не ја добива.



Потоа влегува во рекет и повторно ја бара топката, но пак не ја добива.



Таа оди кај него од трета мајка.

Но тука настануваа проблемите бидејќи тој се наоѓа во ситуација да игра еден на еден на линијата за тројка.

Се обидува да го помине чуварот, но веднаш со соочува со тројка кошаркари кои го чуваат и кои знаат дека веројатно нема да ја подаде топката.

Јонсон и Лин стојат сами на шут за три поени, но тој не ги рецка. Времето за напад истекува, а со неговиот шут не успеа да го погоди ниту обрачот. Лејкерски на крајот загубија 20 поени разлика.

 

30 октомври 2014 - 18:19