Екипата на Атланта на добар начин ѝ се одмазди на Индијана за минатогодишниот пораз и испаѓањето од Плејоф натпреварите. Најзаслужни за победата на „јастребите“ беа Џеф Тег и Ал Хорфорд. Првиот постигна 25 поени со 6 асистенции и 4 скока, а Хорфорд имаше 20 коша и 11 скока.
Перо Антиќ одигра 20 минути, во кои уфрли 7 поени, 3 асистенции и 1 скок. Антиќ имаше 2/4 за 2 поени и 1/3 во обидите за три. Коупленд со 21 кош и 4 асистенции беше најдобар стрелец кај Пејсерси, кои загубија уште еден натпревар по поразот од Мемфис.
За Атланта ова беше прва победа во сезоната, по воведниот пораз против Торонто во Канада. Хокси во среда му гостуваат на шампионот Сан Антонио.
Во останатите дуели од вечерта, Лос Анџелес Лејкерс продолжија онаму кај што застанаа лани, да губат. „Езерџиите“ го претрпеа и четвртиот пораз во сезоната, а убедливо ги порази Голден Стејт Вориорс 127:104. На Лејкерс не им помагаат ниту новиот тренер Бајрон Скот, ниту повратникот од повредата, Коби Брајант. Немаа решение за Клеј Томпсон, кој го играше мечот на кариерата и постигна 41 поен! Репрезентативецот на САД го пратеше неговиот колега од националниот тим, Стифон Кари кој уфрли 31 кош.
Иако имаше 1/6 во обидите за 3 поени, Коби беше најефикасен во својот тим со 28 коша. Покрај Коби, светла точка кај Лејкерс беше само уште Џордан Хил кој додаде 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот - Мемфис 69:71
Њу Орлеанс - Далас 104:109
Орландо - Торонто 95:108
Филаделфија - Мајами 96:114
Вашингтон - Миловки 108:97
Атланта Индијана 102:92
Детроит - Бруклин 90:102
Хјустон - Бостон 104:90
Минесота - Чикаго 105:106
Оклахома - Денвер 102:91
Јута - Фенкис 118:91
Голден Стејт - ЛА Лејкерс 127:104