Кошарка

Лејкерси најлоши во историјата на Лејкерси

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа нова страница во клупската историја, но не на начин на кој што се навикнати нивните навивачи.

Феноменалната партија на Антиќ против Индијана (видео)

Перо Антиќ го наостри шутот и растури против Индијана. Со речиси перфектна реализација, Антиќ постигна 18 поени и постави свој нов личен рекорд во НБА лигата и тоа на гостувањето против Индијана.

Антиќ растури против Индијана

Перо Антиќ постави нов личен рекорд во НБА лигата. Со 18 поени тој беше еден од најзалужните за високата победа на Атланта против Индијана.

Атланта и Антиќ се вратија во игра за плејоф

Кошаркарите на Атланта Хокс триумфираа против Кливленд Кавалирс и се вратија на осмата позиција која води во плејофот.

Апсурдноста на НБА плејофот

Со НБА плејофот се добива најдобриот тим од лигата, но во него не играат сите најдобри. Западот оваа сезона е супериорен во однос на истокот, а овој график покажува колку неправеден ќе биде плејофот. На пример според моменталната ситуација отпаѓа Феникс со 48, а на исток ќе игра Њујорк со 36 победи.

Подобри и од НБА ѕвездите

Оваа година големите НБА ѕвезди разочараа за време на натпреварот во забивање на Ол стар викендот, па нивните помлади колеги од американските колеџи им покажаа како тоа се прави.

Полски шпион

Вашингтон Визардс ги растурија Бостон Селтикс со 26 разлика, а Марчин Гортат кој го предводеше Вашингтон со 22 поени, реши малку и да си поигра со противниците.

Чикаго пресилен за Атланта

Кошаркарите на Атланта го губат здивот во борбата за последното место кое води во плејофот во источната конференција. „Јастребите" загубија на домашен терен и од Чикаго Булс.

Американците ги избраа најдобрите од Европа

Кошаркарскиот портал HoopsHype направи листа со 25 најдобри европски кошаркари на сите времиња.

Атланта конечно победи

Заврши црната серија на Атланта Хокс. По шест порази во серија, Атланта ја победија Филаделфија.

Перо Антиќ и најголемиот македонски НБА фан

Како новинар на спортскиот блог Grantland ги запозна Македонците по еден ден поминат со нашиот Боне Темелков и гордите навивачи кои го пречекаа Перо Антиќ во Торонто.

Дабл-дабл на Антиќ, но и пораз на Атланта

Перо Антиќ одигра уште една одлична партија која сепак беше недоволна за неговиот тим кој загуби на гостувањето кај Вашингтон.

МЗТ остана без пласман во Еврокупот

Актуелниот кошаркарски шампион со пораз ја завршува јадранската одисеја, а со неуспехот во последниот натпревар во АБА лигата од Раднички со 87:95, ја загуби шестата позиција која ќе им донесеше ново учество во второто по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување.

„Без коски“ преку цел терен

Кошаркарите на Макаби загубија од Реал Мадрид со 76:77 во трилер завршница во дербито од 12-то коло на Евролигата, а најдобар кај домаќините беше Девин Смит кој постигна 23 поени, а меѓу нив беше и овој „проектил" преку цел терен со звукот на сирената.

Атланта продолжи да губи и без Антиќ

Петти пораз на Атланта Хокс во серија. Овој пат „јастребите" загубија на домашен терен од Портланд и без услугите на повредениот Антиќ.

Најголемиот трол во НБА

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Џермејн О'Нил редовно ги зеза противниците, но и своите соиграчи или само има необичен стил на изведување на слободните фрлања.

Дали Црвена Звезда го сруши рекордот?

Црвена Звезда се пофали дека на натпреварот против Будивелник од Еврокупот го срушиле рекордот за најпосетен кошаркарски натпревар во Европа. Но дали тие навистина имаа 24.232 навивачи?

Бизарна повреда на Перо Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Минесота со што заредија четири порази во серија, а нашиот Перо Антиќ се повреди откако згазна на тренерот.

Утна младичу, утна

Лејкерси го растурија Њујорк со 127:96, а предводник на победничкиот тим беше Ник Јанг со 22 поени. Тој погоди пет тројки, но имаше и едно промашување од зад линијата за три кое тој си го прослави.

Будистот Фил Џексон, жените, дрогата и кошарката

Новоназначениот претседател на Њујорк Никс се врати во клубот каде што ја започна кариерата во 1967 година. Како играч нема многу за фалење, но зборуваме за најдобриот тренер во историјата на НБА со доста бурен живот зад себе.

Како Перо вежба тројки

Водителите на НБА шоуто The Starters дискутираа за интересна практика на Перо Антиќ. Тој си го вежба шутот за три на празно. Можеби и тоа е причината за успешноста на Антиќ од зад линијата за три поени. Со реализација од 35,3% тој е најдобриот тројкаш помеѓу центрите во НБА.

Атланта губи кога не му оди шутот на Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс со лоша игра во второто полувреме загубија и од Феникс Санс со што заредија три порази во серија.

Десет скока на Антиќ во Торонто

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија на гостувањето кај Торонто Репторс со 96:86.

Заврши победничката серија на Атланта

По серијата од пет победи, Атланта Хокс загуби од Њу Орлеанс.