Антиќ четири минути во игра на триумфот против Шарлот

На претпоследниот подготвителен натпревар пред новата сезона во НБА лигата, Хокси славеа на домашен терен со 117:114.

Кошаркарите на Атланта беа доминантни во првото полувреме, а вториот период го добија со 15 поени разлика. Но идентично како на претходниот натпревар против Детроит одиграа лошо второ полувреме и дозволија неизвесна завршница.

Најзаслужен за триумфот на Јастребите беше Мисеп со 21 поен, исто колку што постигна Фери Нил кај гостите. Перо Антиќ доби мала минутажа од само 4 минути на паркетот и беше два пати прецизен од линијата за слободни фрлања.

Последниот контролен меч Хокси го имаат утревечер на гостински терен против шампионот Сан Антонио, а првата средба во новата сезона во НБА лигата ја играат на 29 октомври против Торонто на гости.

21 октомври 2014 - 09:41