Славните прекари во НБА лигата

Играчите кои ја прославија најдобрата кошаркарска лига на светот, најчесто ги препознаваме по нивните прекари кои ги добија за време на активните кариери. Потеклото на нивните прекари има чудни корени.

МАЈКЛ „ЛЕТЕЧКИОТ“ ЏОРДАН(„Air Jordan“)

Поради способноста подолго од другите играчи да се одржи во воздухот, Џордан го доби прекарот „Air Jordan“, за кој сè уште се дебатира дали го измислил некој негов соиграч, медиумите или спонзорот Најк. Тоа што е сигурно е дека прекарот на „летечкиот“ стана бренд познат во целиот свет. Неколку генерации израснаа со фамозните „џорданки“, патики кои беа мега популарни.

ЧАРЛС БАРКЛИ(„The round mound of rebound, Sir Charles“)

Пред да го добие господскиот прекар „Сер Чарлс“, поради елеганцијата со која играше кошарка, Баркли во НБА влезе заедно со подолгиот прекар „Тhe round mound of rebound“ („Високиот рид на скоковите“). Поради агилниот скок во одбраната и нападот и специфичната конституција, некогашниот играч на Филаделфија 76', Феникс Санс и Хјустон често го викаа и „летечкото прасе“.

ЏЕЈСОН ВИЛИЈАМС („The white choccolate“)

Афро-американскиот стил на игра на момчето што најпрвин работеше во прес-центарот на Сакраменто Кингс, му го донесе прекарот „Белото чоколадо“. Освен по дриблинзите, плејот на „кралевите“ често беше познат и по соработката со раперите (Еминем и Паф Деди), кои му го дале прекарот. Во една пригода, Дејвид Штерн, поранешниот комесар на НБА лигата изјави дека немало таков уметник со топката уште од времето на Маравич.

ДЕЈВИД РОБИНСОН („The Admiral“)

Поради фактот што долго време студирал на Американската воена Академија, Дејвид Робинсон го доби прекарот Адмиралот. Никогаш не успеал да стигне до титулата Адмирал, така што во НБА влезе како наредник со двегодишно задоцнување поради служење во американската капетанија. Оттаму потекнува и неговиот прекар, по кој го распознаваа во целиот свет.

ЛЕРИ БИРД („Larry Legend“ и „The hick from French Lick)

„Селанецот од Френч Лик“ бил првиот прекар на легендарниот играч на Бостон Селтик, потекнува од истоименото место близу Индијана во кое Лери бил најпознат меѓу 1.118 жители. Неколку години подоцна, во 1992-та година, кога ја заврши играчката кариера, Лери го добива прекарот по кој го распознаваат и денес. „Легендата“ доаѓа поради неговата втора титула со Селтикс во 1984-та година, а прекарот го измислил спортскиот колумнист Питер Векси, најдобриот пријател на Лери Бирд.

ЧАК ПЕРСОН („The Rifleman“)

Стрелачот не го добил својот прекар по одличниот шут од секоја позиција, туку поради омилениот филм на мајка му, „Тhe Rifleman“, филм во кој глуми актерот Кевин Конорс. Токму од таа причина, поранешниот играч на Сан Антонио Спарс на своето презиме ќе го додаде и Конорс, па така официјалното име и презиме му гласеше Чак Конорс Персон. Глумецот Кевин Конорс е и поранешен играч на Бостон Селтикс, а познат е и како прв кошаркар кој со забивање скршил табла на загревање.

6 октомври 2014 - 10:41