НБА лигата не знае за криза

Според истражувањето на IEG, компанија специјализирана за спонзорства, најсилната кошаркарска лига во светот за една година остварила приходи од 5,7% со вкупна сума од 679 милиони долари.

Зголемувањето на приходите се должи на новите договори кои НБА лигата ги потпиша со Диагео (мултинационална компанија за алкохолни пијалаци) Фут Локер (американска компанија за спортска опрема), Кумо Тирест (компанија за гуми од Јужна Кореја) и Самсунг со кој е вклучен спонзорски договор од 100 милиони долари.

Најстариот активен спонзор на американската кошаркарска лига е АБ Инбев, белгиско-бразилска компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци која е најголемиот светски производител на пивски квасец.

Таа поседува 84% од рекламните договори, а по неа следува компанијата за осигурување Стејт Фарм со 77%. Во однос на спонзорствата од индустрискиот сектор, најактивни спонзори се автомобилските, потоа производителите на пиво, банките и телекомуникациските компании.

„Овие бројки ни даваат слика за едно првенство кое се повеќе стои на здрави нозе и кое ќе има простор за уште поголем раст на приходите во наредните пет години", изјави неодамна комесарот на НБА. Адам Силвер.

24 септември 2014 - 21:28