Првиот пик на драфтот со 18 поени за Минесота

Меѓу осумте пријателски средби доцна вчера се играа и два НБА класици. Вориорс подобри од Клиперс, Хјустон од Далас во тексашкото дерби. Првиот пик на драфтот, Ендрју Вигинс почна да ги оправдува очекувањата уште на подготвителните натпревари.

Во четвртата вечер од пред-сезонските натпревари во НБА лигата, најголемо внимание предизвика дебито на првиот пик на овогодинешниот драфт, Ендрју Вигинс во дресот на Минесота Тимбервулфс. Младиот плејмејкер постигна 18 коша (2/2 за три и 8/10 слободни фрлања), 4 скока и 3 асистенции во дуелот против Индијана кој „волците“ ги заврши 103:90. Вигинс немаше атрактивни забивања и потези, играше во служба на екипата. 
„Не е само атлета, туку има раскошен талент. Може да шутне кога сака и од каде сака. Колку повеќе ќе игра против искусни ривали, толку побрзо ќе напредува“, изјави Флип Саундерс, тренерот на Минесота после мечот со Индијана.
Задоволен од подготвителниот натпревар вчера вечер излезе и Лионел Холинс, тренерот на Бруклин, кој повторно ги има во форма Дерон Вилијамс (17 коша и 7 асистенции) и пред сè Брук Лопез кој уфрли 20 поени (8 од 12 за два) и 5 скока во победата на Бруклин над европскиот противник, Макаби Тел Авив 111:94.
 
НБА, пoдготвителни средби:
 
Индијана - Минесота 103:90
Бруклин - Макаби Тел Авив 111:94
Мајами - Орландо 101:108
Детроит - Чикаго 111:109
Далас – Хјустон 108:111
Јута – Портланд 92:73
Сакраменто - Торонто 113:106
Л.А. Клиперс – Голден Стејт 94:112
 
8 октомври 2014 - 11:53