„Новицки: Перфектниот шут“ е називот на документарниот фил за 36 годишниот Германец во кој се раскажува како од драфтот во НБА лигата во 1998 година стигна до 12 учества на Ол стар игрите.
Филмот ја опишува и неговата поврзаност со менторот и тренер Holger Geschwindner кој го откри талентот на Новицки на 16 години. Нивната врска е претставена како релација помеѓу тренерот космополит и срамежливиот студент.
На премиерата во Германија, со големата кошаркарска ѕвезда заминаа и неговиот тренер Рик Карлсли, како и колегите меѓу кои Тајсон Чендлер, Монта Елис и Девин Харис.
Во документарецот се појавуваат газдата на Маверикс Марк Кубан, американскиот претседател Барак Обама, комичарот Конан Обрајан, поранешниот комесар на НБА Дејвид Штерн и членовите на Лејкерски, Коби Брајант и Стив Неш.
Новицки е на 10 место на најдобри стрелци во историјата на најсилната кошаркаска лига во светот, веднаш зад легендарниот Хаким Олајџувон. Во 2011 година тој му донесе шампионска титула на својот тим, а во 2007 година беше МВП на лигата.