Џинобили им пресуди на Антиќ и Атланта

Иако Хокси одиграа одлично второ полувреме и го држеа натпреварот во егал, последните два коша беа дело на Аргентинецот со кои Сан Антонио славеше 94:92 против Атланта.

Мемфис Гризлис ја продолжија успешната серија, додека Кливленд и Леброн поразени по трет пат. Јута беше подобра од Кливленд со 102:100 во Солт Лејк Сити, а најзаслжувен за победата на џезерите беше Хејфорд со 21 кош и 7 асистенции.

На дуелот во кој Перо Антиќ одигра солидни 16 минути, Спарси за 2 поени беа подобри од Атланта, која фати приклучок во второто полувреме. Атланта имаше 92:92 и продолженија во рака, но Ману Џинобили на 3 секунди пред крајот со 2 слободни фрлања го реши победникот.

Натпреварот имаше и јубилеј, во кој 900-та заедничка победа ја прослави тандемот Грег Попович и Тим Данкан.

Антиќ имаше 7 поени, од кои 3 поени од игра и 3 скока. Водечки стрелци кај Атланта беа Пол Милсап и Керол со 17 коша. Кај мамузите, Тим Данкан по обичај најдобар стрелец со 17 поени и 13 скока. Веднаш до него беше Тони Паркер со исто толку поени, а Џинобили уфрли 12 коша. Атланта во следното коло во сабота спрема недела игра против Шарлот Хорнетс.

Кливленд никако не може да врзе 2 победи, откако вечерва Јута беше подобра од Кавалиерс со 102:100. И покрај одличните партии на Кајли Ирвинг (34 коша) и Леброн Џејмс 31 поен, Јута Џез им го нанесе третиот пораз во сезоната на Кавалерс. Фејврос и Харвард со по 21 кош беа најефикасни кај победникот.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мајами 96-89,
Филаделфија – Орландо 89-91,
Бостон – Торонто 107-110,
Бруклин – Минесота 91-98,
Детроит – Њујорк 98-95,
Милвоки – Чикаго 86-95,
Вашингтон – Индијана 96-94,
Сан Антонио – Атланта 94-92,
Феникс – Мемфис 91-102,
Јута – Кливленд 102-100,
Сакраменто – Денвер 131-109,
Голден Стејт – ЛА Клиперс 121-104