Кошарка

Матине дебакл во Белград за МЗТ Скопје

Во попладневниот термин, кошаркарите на МЗТ Скопје со тежок пораз од Црвена звезда 89:56 ги завршија натпреварите во Јадранската лига. Избраниците на Пипан останаа да се борат на еден фронт, оној во домашното првенство.

22 поени за личен рекорд на Перо Антиќ во НБА

Фантастичната вечер во НБА ја одбележаа трите продолженија во Бруклин, деветтиот сезонски трипл-дабл на Расел Вестбрук, како и врвните партии на Перо Антиќ и Никола Миротиќ.

Што било вчера во Берлин?

Хулиганите на Галатасарај синоќа во Берлин на еден час го прекинаа мечот против Алба. Прво се степаа со обезбедувањето, па со домашните гледачи и на крајот со полицијата. За потсетување на претстојното ЕП во кошарка, една од групите се игра во Берлин, а во неа ќе игра Турција.

„Брадата“ Харден уфрли 50 поени, Вулвси го добија дербито на дното

Аспирантот за МВП наградата, синоќа против Денвер Нагетс уфрли неверојатно 50 поени. Таков подвиг играч на Хјустон немал од 1996-та година. На средбата меѓу двата најлоши тима во НБА, Минесота го победи Њујорк Никс. 

Јастребите уловени во Голден Стејт

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја декласираа Атланта 114:95 во дуелот на двете најдобри франшизи во НБА лигата. Фантастична вечер за Никола Миротиќ и Чикаго Булс.

Сан Антонио го потцени Њујорк, па загуби

Ноќта меѓу вторникот и средата во НБА се одиграа пет натпревари, а најголемото изненадување го направија Никси кои го совладаа актуелниот шампион после продолженијата, 104-100. Петти пораз по ред за Орландо Меџик.

Вејд во ритам против Леброн, 23 победа на гости за Антиќ

Двејн Вејд со 32 поени сам го победи Кливленд на Леброн Џејмс. Кајл Лаури запиша трипл-дабл, Атланта славеше во Сакраменто и стекна предност на домашен терен во Плејофот.

Здравјето е поважно од шутот за милион долари

Неговиот обид за кош од половина терен го видоа преку 6 милиони луѓе, но никој од нив не знаел дека човеков за да преживее мора да пие по 39 апчиња дневно.

Шампионот убедлив, Антиќ стартуваше за Атланта

Синоќа во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележија сигурните победи на Кливленд Кавалирс, Сан Антонио и Атланта Хокс. Повреди заработија Кајл Корвер и Ману Џинобили, но ќе бидат спремни за плејофот.

Заврши црната серија, МЗТ конечно победи во АБА

Во натпревар на екипите кои играат најлоша сезона откако се во АБА лигата, македонскиот шампион го победи актуелниот првак на Јадранот, Цибона со 78:65.

Со 57 поени Кајри Ирвинг сам го победи Сан Антонио

Кливленд го совлада Сан Антонио после продолженијата 128:125, а најзаслужен за триумфот беше феноменалниот Ирвинг, кој уфрли 57 поени за личен рекорд во кариерата. За три поени, Ирвинг шутираше без промашување.

Резервираната Атланта поразена од Денвер, 6 поени за Антиќ

Во дербито на вечерта во НБА лигата, тимот на Лос Анџелес Клиперс предводен од феноменалниот Крис Пол ја совлада Оклахома Сити на гости. Хокси поразени од Нагетси.

Нема трака, нема проблем - Леброн стана рекордер по асистенции

Родни Стаки со 34 поени ѝ донесе на Индијана Пејсерс шеста победа по ред, а шеста во низа оствари и шампионот Сан Антонио. Минимален пораз за Њујорк Никс против Јута.

Другар, тебе не ти е местото во НБА

Беше европски првак со Панатинаикос во 1996 година, но неговите златни времиња се поврзани со Атланта Хокс каде пред неколку дена доби посебни почести. Замислете на Доминик Вилкинс некој порано се дрзнал да му каже дека не го бива за НБА.

Атланта сруши рекорд со тројки за 50 победа сезонава

Освен што постигнаа сезонава најмногу поени. дури 130 во триумфот над Сакраменто Кингс, Јастребите погодија и 20 тројки што е рекорд на франшизата. До 50-та победа стигна и Голден Стејт Вориорс, а 50-от пораз го доживеа Њујорк Никс.

Расел Вестбрук е дефиниција за трипл-дабл учинок

Кошаркарот кој ја освои МВП наградата за најдобар играч на неодамнешниот Ол-Стар, по петти пат на последните шест натпревари стигна до трипл-дабл учинок. Неговите Оклахома Сити Тандер синоќа славеа против Торонто 108:104.

Киево - Рома од 15:00 и А. Мадрид - Валенсија од 21:00

Спортскиот викенд се затвора со натпревари од ТОП5 фудбалските лиги, кошарка АБА и НБА лига, како и тениски дуели од Дејвис Купот.

Вечер на Двејн Вејд и Џејмс Харден, пораз за Атланта

Во ноќта меѓу сабота и недела во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележа поразот на Атланта од Филаделфија. Вејд го носеше Мајами до победа над Сакраменто после продолженија.

Статуа и 3Д анимација за Доминик Вилкинс

Легендата на Атланта Хокс и најдобриот стрелец во историјата на клубот на кој му беше верен од 1982 до 1994 година беше посебно испочитуван од страна на Хокси. Пред мечот со Кливленд беше направена 3Д анимација во негова чест, а до арената „Филипс“ е поставена негова статуа.

Атланта подобра од Кливленд, трипл-дабл на Харден

Синоќа во НБА се одиграа 12 натпревари, а вечерта ја одбележа триумфот на Атланта над Кливленд, славјето на Голден Стејт и неверојатниот Џејмс Харден. Победничката серија ја продолжи и Сан Антонио, кој го имаше расположениот Кавај Ленард во своите редови.

Чикаго ја доби драмата, Вестбрук повторно над 40

Во најдобрата светска кошаркарска лига синоќа се одиграа два натпревари. Чикаго ја совлада Оклахома 108:105, во дуел во кој трагичар беше најдобриот играч на Ол Старот во февруари.

Трка за дното во НБА лигата

Сезонава во НБА има неколку франшизи кои рушат негативни рекорди, но три од нив како да почнаа да се натпреваруваат која ќе има полоши резултати. Борбата за првиот пик на драфтот го прави своето, па три екипи играат ужасна сезона.

Расел Вестбрук како Летечкиот Мајкл

Главен јунак на синоќешните натпревари во НБА лигата, беше кошаркарот на Оклахома Сити, кој направи нешто што му успеало само на Мајкл Џордан. Нови триумфи на Сан Антонио и Голден Стејт.

Кошаркар на Вашингтон го загуби чуварот во одбрана

На 13,7 секунди до крајот на мечот меѓу Вашингтон и Чикаго кој го добија Булси со пет поени разлика Ото Портер “заспа“ терен и покрај тоа што има 21 година. Тони Снел тоа го примети и му избега, но не ја искористи шансата.