Во ноќта кога Хјустон славеше 20 години од последните титули во НБА (1994 И 1995), Ракетите го добија Денвер 118:108.
Лудата партија на Харден ја гледаа Хаким Олајџувон и Клајд Дрекслер. Освен што постигна 50 поени, Харден собра и 10 скокови и 4 асистенции. Поентерскиот учинок на Џејмс Харден беше деветти во историјата на франшизата, а прв по оној кога Олајџувон уфрли 51 против Бостон Селтикс на 18. јануари 1996-та. Харден воедно постави и личен рекорд на кариерата, затоа што претходнит му беше 46 поени во 2013-та година.
Покрај Харден, голем удел во славјето на Хјустон имаа и Тревор Ариза со 17 поени, 6 скокови и 4 асистенции и Џош Смит со 12 поени. Најефикасен во поразениот Денвер Нагетс беше Вилсон Чендлер со 23 поени и 6 скокови.
Хајлајтс од поентерското лудило на Џејмс Харден:
Во дуелот на најлошите тимови на Истокот и Западот, Минесота на домашен паркет го совлада Њујорк Никс после продолженијата 95:92. Кевин Мартин беше водечки стрелец кај Волвси со 22 поени, Ендрју Вигинс постигна 20, колку што даде и Зек Левин кој го реши дуелот со четири врзани поени на крајот.
Кај поразените Никси, Ленгстон Галовеј беше најзапазен со 21 поен и 7 скокови, а Алексеј Швед забележа 20 со 5 скокови и 6 асистенции.