Атланта подобра од Кливленд, трипл-дабл на Харден

Синоќа во НБА се одиграа 12 натпревари, а вечерта ја одбележа триумфот на Атланта над Кливленд, славјето на Голден Стејт и неверојатниот Џејмс Харден. Победничката серија ја продолжи и Сан Антонио, кој го имаше расположениот Кавај Ленард во своите редови.

Атланта и натаму е најсупешниот тим во НБА лигата, откако синоќа го совлада Кливленд Кавалирс 106:97.
 
Иако Перо Антиќ на теренот мина само шест минути без постигнат поен, Јастребите во својот состав имаа дури шесторица двоцифрени кошаркари. Ал Хорфорд уфрли 19 поени, девет скокови и шест асистенции. Пол Милсап имаше 16 поени и осум скокови, а 16 погодоци уфрли и Џеф Тиг. Кај поразените Кавси, Кајри Ирвинг имаше 20 поени, два повеќе од Леброн Џејмс, кој мечот го заврши и со шест скокови и осум асистенции.
 
Џејмс Харден ги предводеше Ракетите до 42. победа во сезоната и уште еднаш сериозно потврди дека е главен кандидат за МВП на регуларниот дел од сезоната. Хјустон славеше 103:93, а Харден уфрли 38 поени, со по 12 скокови и асистенции. „Брадата“ имаше поддршка и од Теренс Џонс кој постигна 17 поени и осум скокови. Кај Пистонси, Грег Монро имаше 19 поени и осум скокови, а Реџи Џексон уфрли 17.
 
Симултанката на Џејмс Харден против Детроит синоќа:
 
Како и Јастребите, 48-ма победа сезонава оствари и Голден Стејт Вориорс. Творец на триумфот на воините против Далас Маверикс 104:89 беше Стефон Кари со 22 поени и седум асистенции. Дени Грин ја заврши средбата со 18 поени и девет скокови, а Клеј Томпсон придодаде 16. Кај Маверикс, Раџон Рондо и Дирк Новицки имаа по 14 погодоци.
 
Сите поени на Стефон Кари:
 
НБА Резултати:
 

Шарлот - Торонто 103:94
Индијана - Чикаго 98:84
Орландо - Сакраменто 119:114
Филаделфија - Јута 83:89
Вашингтон - Мајами 99:97
Атланта - Кливленд 106:97
Бруклин - Феникс 100:108
Хјустон - Детроит 103:93
Мемфис - ЛА Лејкерс 97:90
Њу Орлеанс - Бостон 98:104
Сан Антонио - Денвер 120:111
Голден Стејт - Далас 104:89