22 поени за личен рекорд на Перо Антиќ во НБА

Фантастичната вечер во НБА ја одбележаа трите продолженија во Бруклин, деветтиот сезонски трипл-дабл на Расел Вестбрук, како и врвните партии на Перо Антиќ и Никола Миротиќ.

И покрај тоа што Атланта Хокс загуби од Оклахома 123:115, најдобар натпревар од кога е во НБА одигра нашиот Перо Антиќ. За 20 минути на паркетот, Антиќ уфрли 22 поени (6/9 од игра и 6/7 од слободни). Антиќ погоди 4 тројки од 6 обиди, а притоа имаше и 3 скока и една асистенција.
 
Претходниот рекорд на Антиќ во најдобрата светска лига беше 17 поени. Синоќа против Оклахома Антиќ беше најефикасен, а поддршка имаше од Германецот Денис Шродер кој уфрли 21 поен и од Пол Милсап со 19 поени.
 
Сите поени и фантастичната партија на Перо Антиќ против Оклахома:
 
 
Хајлајтс од мечот:
 

Од друга страна, тимот на Оклахома остана без Кевин Дурант до крајот на сезоната, но тоа не го спречи Расел Вестбрук да стигне до својот деветти трипл-дабл сезонава. МВП-то на Ол Старот запиша дури 36 поени (8-24 од игра и дури 17 од 17 погодени слободни). Вестбрук собра и 10 скокови и 14 асистенции. Голем придонес за триумфот на Оклахома имаа и Дион Вејтерс со 26 поени и Ентони Мороу со 21 поен.
 

Со победата од 95:92 над Индијана, Кливленд Кавалирс го осигура плејофот. Синоќешниот триумф беше воедно и 15. по ред на домашен терен за Кливленд, а Леброн Џејмс дури 13 од своите 29 поени ги уфрли во последната четвртина. Кралот Џејмс имаше уште и 7 скокови и 5 асистении. Кајри Ирвинг додаде 13, а Тимофеј Мозгов 12 поени. Кај поразената Индијана, Џорџ Хил беше водечки стрелец со 24 поени.
 
 
Во најнеизвесниот натпревар одигран синоќа, во Бруклин домашните го победија Миловки Бакс 129:127 дури после три продолженија. Брук Лопес со 32 поени и неверојатни 18 скокови е најзаслужен за победата на Бруклин. Јанг придодаде 24 а Џо Џонсон 20. Хрватот Бојан Богдановиќ запиша 15 поени (7-15 од игра), со 3 скока и 7 асистенции. Кај Бакси, Крис Мидлтон најефикасен со 29 поени, а Заза Пачулија имаше 22 поени, 21 скок и 7 асистенции.
 
Три продолженија во Бруклин:
 
Резултати:

Орландо - Портланд 111:104
Филаделфија - Њујорк 97:81
Бруклин - Милвоки 129:127
Кливленд - Индијана 95:92
Мајами - Денвер 108:91
Чикаго - Торонто 108:92
Оклахома - Атланта 123:115
Далас - Мемфис 101:112
Сан Антонио - Бостон 101:89
Сакраменто - Шарлот 101:91
Голден Стејт - Њу Орлеанс 112:96
ЛА Клиперс - Вашингтон 113:99