Легендата на Атланта Хокс и најдобриот стрелец во историјата на клубот на кој му беше верен од 1982 до 1994 година беше посебно испочитуван од страна на Хокси. Пред мечот со Кливленд беше направена 3Д анимација во негова чест, а до арената „Филипс“ е поставена негова статуа.