Грег Поповиќ беше оправдано бесен на своите играчи во изјавите по натпреварот, затоа што Спарси го одиграа најбледиот натпревар во сезоната.
Рукито Ленгстон Галовеј и Алексеј Швед постигнаа вкупно 43 поени и конечно ги израдуваа своите навивачи во Медисон Сквер Гарден. Њујорк воедно стана и првата екипа со повеќе од 50 порази во сезоната која го совладала актуелниот шампион. Голем придонес во триумфот даде и Андреа Барњани со 16 поени и 10 скокови за Никси.
Кај Спарси кои играа без Ману Џинобили (повреда на зглобот), Тони Паркер запиша 21 поен, 6 скокови и 6 асистенции. Тим Данкан постигна 17 поени со 8 скокови. Од 2001. година, Сан Антонио нема позитивен учинок против три екипи од Истокот, Мајами (3-5), Њујорк Никс (4-5) и Чикаго Булс (4-4).
И покрај неверојатниот Виктор Оладипо, кој постигна 29 поени со 4 скокови и 3 асистенции, Орландо загуби од Хјустон Рокетс 107:94. Џејмс Харден овојпат не беше водечки стрелец кај Ракетите. „Брадата" на своето конто имаше 17 поени и 8 скокови, а најзаслужен за триумфот на Хјустон беше Донатас Моцејунас со 23 поени. По 17 погодоци имаа Тревор Ариза и Џош Смит.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Мемфис Гризлис - Детроит 95-105
Сан Антонио - Њујорк 100-104
Орландо Меџик - Хјустон Рокитс 94-107
Милвоки Бакс - Њу Орлеанс Пеликанс 84-85
Шарлот Хорнетс - Л.А. Клиперс 92-99