
Прв пат од 2003. година, Леброн Џејмс почна натпревар без траката на главата, а истата ја извади и во втората четвртина од дуелот со Феникс во неделата.
Кливленд го декласираше Далас на гости 127:94, а изгледа на Кралот Џејмс му одеше добро и без траката, затоа што уфрли 27 поени (10/14 од игра), 7 скокови и 8 асистенции. Веќе после првата асистенција синоќа стана најдобриот асистент во историјата на Кливленд Кавалирс со вкупно 4207 асистенции. На тој начин, Леброн го престигна досегашниот рекордер Марк Прајс.
Покрај Леброн, одлична вечер во „Американ Ејрлајнс“ центарот имаше и Кајри Ирвинг кој додаде 22 поени и по 5 скокови и асистенции. Кај Мавси, Чандлер Парсонс запоша 18 поени.
Незапирливиот Леброн Џејмс против Далас Маверикс синоќа:
НБА Резулати:
Далас – Кливленд 94:127
Индијана – Орландо 118:86
Бруклин – Њу Орлеанс 91:111
Сан Антонио – Торонто 117:107
Јута – Њујорк 87:82
ЛА Лејкерс – Детроит 93:85.
Индијана – Орландо 118:86
Бруклин – Њу Орлеанс 91:111
Сан Антонио – Торонто 117:107
Јута – Њујорк 87:82
ЛА Лејкерс – Детроит 93:85.