За тие што ја пратеа најелитната кошарка во 80-те и почетокот на 90-те, сигурно се сеќаваат на дуелите на Доминик Вилкинс и Мајкл Џордан, но ништо помалку интересни не беа ниту средбите на Вилкинс со Лери Бирд.
Кулминацијата на нивното ривалство се случи во 1988 година на прочуениот седми решавачки натпревар од полуфиналето на Источната конференција, но Вилкинс се навраќа на неговата деби сезона во НБА 1982/1983, кога прв пат се соочи со легендата на Бостон Селтикс.
„На почетокот од мечот тргнав накај него за да се поздравам, а тој ме гледаше онака ладно и со прекрстени раце. Бев прилично изненаден“.
Но вистинското изненадување не било тоа.
„Другар тебе не ти е местото у НБА лига“, му се обратил Лери на Доминик.
„Не можев да верувам. Се се случи така брзо што не знаев ниту како да реагирам.
„Не ми е ниту јасно зошто те ставиле да ме чуваш. Другар, не можеш да ме чуваш“, му рекол Бирд и веднаш потоа постигнал тројка, а по кусо време пак му се обратил.
„Погрешиле што те ставиле на мене“, рекол Бирд и повторно погодил за три поени.
„Во тој момент тотално збеснав и во еден од следните напади толку се залетав што ја забив топката преку него силно, по што падна на паркетот. Се подигна и ми рече: „Ми се допаѓаш руки, навистина имаш мадиња“. За момент бев среќен поради неговите зборови, но не за долго, бидејќи пак ми дофрли: „Сепак ќе ти дадам 40 поени вечерва“. На крајот сепак го спречив и даде само 39 коша“, вели на шега Доминик.
И покрај овие случувања со кои морал да се бори и физички и психички на паркетот, Вилкинс е горд на тоа време
„Морам да кажам дека тие години не би ги менувал за ништо во светот. А знаете зошто? Момци како Лери Брд, Доктор Џеј или Бернард Кинг едноставно од вас прават да бидете подобри играчи, а ако немате срце ќе ве уништат“.
Доминик повеќе пати покажа дека има срце, а најмногу на 22 мај 1988 година на седмиот полуфинален меч од Истокот меѓу Атланта и Бостон. Тогаш постигна маестрални 47 поени, а Бирд 34 од кои 20 во последната четвртина со што им донесе победа на Селтикс од 118:116. По тој меч добиваше поголем респект од противникот.
„Не беше во прашаме само тој меч, туку луѓето го сменија мислењето за мене поради целата серија и не гледаа на мене како играчка која само знаеше добро да забива. Кога заврши мечот, Лери ми пријде и ми рече дека и двајцата сме заслужиле да го добиеме и дека навистина штета што некој од нас мора да отпадне. Тој гест ми значење, исто како и знакот на искреност од негова страна“
Но тоа не биле единствените зборови на Бирд за играта на Вилкинс.
„По завршувањето на кариерата разговаравме повеќе пати за нашите пресметки и се сеќавам дека еднаш ми рече: „Ник имавте добар тим, но во тоа време бевте многу млади за да можете да не победите“. Лери Беше во право, бевме млади, а Селтикс беше сериозен тим на ветерани од кои пет играчи беа членови во Куќата на славните. Како можеш да ги победиш?, вели Вилкинс.
Историскиот меч на кој Вилкинс постигна 47 поени.