Шампионот убедлив, Антиќ стартуваше за Атланта

Синоќа во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележија сигурните победи на Кливленд Кавалирс, Сан Антонио и Атланта Хокс. Повреди заработија Кајл Корвер и Ману Џинобили, но ќе бидат спремни за плејофот.

Кошаркарите на Сан Антонио убедливо триумфираа на гостувањето во Минеаполис против Минесота Тимбервулвс 123:97. Спарси сега имаат две победи помалку од Кливленд Кавалирс, а во синоќешната победа уште еднаш заиграа препознатливо тимски. Дури осум кошаркари на актуелниот шампион имаа двоцифрен учинок. Каваи Ленард уфрли 15 поени и шест скокови, а Дени Грин и Марко Белинели имаа по 13. Кај „Волците“, Кевин Мартин постигна 19 поени. Единствена лоша вест за Сан Антонио е повредата на Ману Џинобили, кој ќе отсуствува околу 10 дена.
 
 
Без Пол Милсап и Џеф Тиг, Јастребите го совладаа ЛА Лејкерс во Стејплс Центарот 91:86. Денис Шродер имаше дабл-дабл учинок кај Атланта со 24 поени и 10 скокови. Тоа беше седми старт на дури 113 натпревари во НБА за Германецот, кој во 2013. беше 17. пик на драфтот.

Ал Хорфорд уфрли 21 поени, а за 23 минути во игра, Перо Антиќ забележа три поени со шест скокови.

 
НБА резултати:

Оклахома Сити Тандер-Чикаго Булс 109:100
Лос Анџелес Клиперс-Хјустон Рокетс 98:100
Њу Орлеанс Пеликанс-Денвер Нагетс 111:118 (по две продолженија)
Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 108:123
Сан Антонио Спарс-Минесота Тимбервулвс 123:97
Торонто Репторс-Портланд Трејл Блејзерс 97:113
Феникс Санс-Њујорк Никс 102:89
Лос Анџелес Лејкерс-Атланта Хокс 86:91