Вечерта во НБА ја одбележи вториот пораз по ред на Голден Стејт, триумфот на Сан Антонио, како и градското дерби кое му припадна на Л.А. Клиперс. Расел Вестбрук ја губи трката за најдобар стрелец со Џејмс Харден.
Кошаркарот на Нетс синоќа воопшто не му правеше муабет на брат му кој игра за Портланд Трејл Блејзерс, но затоа уфрли 32 поени и беше најефикасен во победата на Бруклин.
Една од најпознатите порно актерки, по пензионирањето, сè почесто во живо ги следи кошаркарските натпревари на нејзината омилена франшиза, Индијана Пејсерс. Така беше и вчера, кога на голема сцена се врати Пол Џорџ.
Џејмс Харден постигна 41 поен во триумфот на Хјустон Рокетс над Оклахома Тандер 115:112. Пол Џорџ се врати на теренот, а трипл-дабл учинок имаше Леброн Џејмс.
Перо Антиќ одигра 15 минути против Бруклин, доволно да постигне 9 поени и еден дефанзивен скок. Во дербито на вечерта, Голден Стејт го победи Далас Маверикс за 12-та победа по ред пред плејофот.
Црногорецот Никола Вучевиќ оствари нов личен рекорд од 37 поени на дуелот против Минесота, Џон Вол од Вашингтон за прв пат изброја 18 асистенции на еден меч, а со забивање се пофали Биомбо од Конго.
На денешен ден, пред точно 30 години Цибона во Пиреа го совлада големиот Реал Мадрид 87:78 и за прв пат во историјата стана европски првак. Дражен Петровиќ беше најдобар играч на мечот.
Нема ден нивните имиња да не ги окупираат насловите на спортските медиуми. По апсолутната доминација на Леброн Џејмс во изминатите години, сезонава дури четворица играчи имаат подеднакви шанси да ја добијат наградата за најдобар играч во регуларниот дел.
Голден Стејт Вориорс, Хјустон Рокитс и Кливленд Кавалирс славеа победи на единствените три натпревари синоќа во НБА. Се повреди Двејн Вејд, а Голден Стејт победи со звукот на сирената.
Стеф Кари кој игра во животна форма, пред дваесетина дена си поигра со половина тим на Клиперси и потоа распали за тројка. Потегот сосема заслужено е број 1 на месецот.
Во својот биографски текст за сајтот на Ал Џазеира, најдобриот стрелец во НБА на сите времиња пишува што го натерало да ја смени верата. Потекнува од христијанско семејство, кое било мета на напади на Кју Клукс Кланот, а идол му бил Малком Х.
Синоќа во НБА Џејмс Харден постигна 51 поен, на Демаркус Казинс му фалеа четири блокади за квардипл-дабл, а Расел Вестбрук го оствари десетиот трипл-дабл во сезоната, седми после Ол-старот.
Атланта Хокс доживеа неочекуван, но натпреварувачки неважен пораз од Детроит Пистонс 105:95. Бруклин Нетс сè поблизу до плејофот, Кари со еден потег го измеси Крис Пол.
Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Милвоки Бакс 101:88, а Демар Дерозан со поентерски рекорд го предводеше Торонто до триумф над Хјустон Рокетс 99:96.
Сан Антонио го победи Мемфис 13. пат на последните 16 соочувања, Двејн Вејд одигра фантастична вечер, а Бруклин цврсто го држи осмото место кое води во доигрувањата.
Кошаркарите на Голден Стејт синоќа го совладаа Милвоки Бакс 108:95 и на тој начин поставија нов рекорд во клупската историја. Атланта Хокс го претрпе и 18 пораз сезонава, но тимот од Џорџија веќе го обезбеди првото место пред плејофот.
20 годишниот Најџел Хејс од американскиот колеџ Висконсин изгледа не знаеше дека микрофонот му е уклучен и сега кога веќе ги отвори картите, може слободно сам да и се нуди на новинарката за интервју.
Дури 130 поени на Сан Антонио Спарс, триумф на Атланта Хокс после три врзани порази и убедлива победа на Кливленд над Мемфис ја одбележаа вечерта во НБА.
Вориорс славеа 58-ма победа во сезоната, откако синоќа го совладаа Портланд Трејл Блејзерс 122:108. Крис Мидлтон уфрли тројка со звукот на сирената за победа на Милвоки после шест порази по ред.
Синоќа во НБА Булси го потврдија пласманот во плејофот, Еван Тарнер оствари трипл-дабл, а Џејмс Харден уфрли дури 44 поени против Индијана. Никола Миротиќ е предводник на Чикаго Булс, кои вчера лесно го победија Шарлот.
По рекордната партија против Оклахома, Перо Антиќ и вчера одигра одличен меч против Сан Антонио Спарс. Како ретко кога сезонава, во иста вечер победи во НБА славеа и Лејкерс и Клиперс.
Во попладневниот термин, кошаркарите на МЗТ Скопје со тежок пораз од Црвена звезда 89:56 ги завршија натпреварите во Јадранската лига. Избраниците на Пипан останаа да се борат на еден фронт, оној во домашното првенство.