Крилото на Индијана и нивен најдобар играч, Пол Џорџ синоќа се врати на паркетот по 8-месечна пауза поради скршената нога. Супер ѕвездата на Пејсерс имаше совршена вечер. Најпрвин цела сала го пречека со овации и транспаренти, неговиот тим славеше против Мајами, Џорџ постигна 13 поени за 15 минути, а добредојде назад му посака и легендарната Лиса Ан.
Поранешната порно актерка на друштвените мрежи ја постираше својата фотографија на која држи транспарент со натпис „Добредојде назад, ПГ“.
Публиката во Индијанаполис беше фасцинирана од враќањето на Пол Џорџ во тимот, но и од присуството на атрактивната Лиса Ан, па неколкумина се симнаа и да се сликаат со најпознатата глумица во историјата на порно индустријата.
Во меѓувреме, Лиса Ан ќе присуствува и на финалето на НЦАА лигата меѓу Дјук и Висконсин, кое се игра исто во Индијанаполис. Таму се потрефил и Чарлс Баркли, па Лиса Ан се сликала и со него... Или тој со неа?