
ЛА Лејкерс после продолженијата славеа во Филаделфија 113:111. Херој на победата на „Езерџиите“ беше рукито Џордан Кларксон кој постигна 26 поени со 11 асистенции и 6 скокови. Кларксон со кош на 0,7 до крајот го реши победникот. Џабари Браун придодаде 22, а Вејн Елингтон 20 поени. Кај Филаделфија се истакнаа Нерленс Ноел со 19 поени и 14 скокови и Ајзеа Канан со 18 поени.
Во новата победа на Атланта, најзапазен учинок имаше Демар Керол со 23 поени, 8 скокови и 5 асистенции. Ал Хорфорд уфрли 18, Пол Милсап 15 поени. Нашиот Перо Антиќ го заврши натпреварот со пристојни 8 поени (2-4 од игра за 15 минути) и 2 скока. Адетокумбо со 18 поени беше најефикасен кај Бакси, а Заза Пачули запиша 17 поени и 13 скокови. Следниот натпревар Атланта Хокс го игра против Пистонс во Детроит ноќеска.
Стандардно најдобар во тимот на Хјустон беше Џејмс Харден. „Брадата" броеше до 31 поен (9-22 од игра, 10-12 слободни), со по 5 скокови и асистенции. Ариза имаше 15 поени, 8 скокови и 5 асистенции.
Дерозан сам го победи Хјустон синоќа:
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Бостон 104-116
Филаделфија – ЛА Лејкерс 111-113 (после продолжение)
Торонто – Хјустон 99-96
Атланта – Милвоки 101-88
Мемфис – Сакраменто 97-83
Минесота – Јута 84-104
Портланд – Феникс 109-86