Голден Стејт до титула на Пацификот после 39 години

Вориорс славеа 58-ма победа во сезоната, откако синоќа го совладаа Портланд Трејл Блејзерс 122:108. Крис Мидлтон уфрли тројка со звукот на сирената за победа на Милвоки после шест порази по ред.

За прв пат од 1976. година Голден Стејт Вориорс е најдобар во својата конференција. Против Портланд на гости, Воините синоќа ја остварија седмата победа во низа и сега имаат учинок 58:13.
 
Со 33 поени и 10 асистенции, Стефон Кари беше најдобар играч на натпреварот, а поддршка имаше од Андре Игудала кој даде 21 поен (9-11 од игра). Во отсуство на најдобриот играч на Портланд Ламаркус Олдриџ, најефикасен кај Блејзерси беше Демијан Лилард со 29 поени, 7 скокови и 5 асистенции.
 
 

Милвоки Бакс ја прекина серијата од шест порази синоќа против Мајами 89:88. Џеред Бејлс на судиското потфрлање ја зеде топката наа 11 секунди пред крајот, а во самиот финиш Крис Мидлтон погоди тројка за големо славје во Милвоки.
 

Ерсан Иљасова со 19 поени и 11 скокови беше најефикасен кај Бакси, кои славеа и благодарение на ефикасните Јанис Адетокумбо со 16 поени и 10 скокови и Заза Пачули со 14 поени, 11 скокови и 7 асистенции. За Мајами Хит, Двејн Вејд уфрли 21 поен и 4 асистенции, а Словенецот Горан Драгиќ додаде 16 поени и 6 асистенции.

Тојрката на Мидлтон за голема радост во Милвоки:

РЕЗУЛТАТИ
Портланд – Г.Стејт 108-122
Сакраменто – Филаделфија 107-106
Детроит – Торонто 108-104
Милвоки – Мајами 89-88
Оклахома – ЛА Лејкерс 127-117
Далас – Сан Антонио 101-94