Харден го до доби МВП дуелот со Вестбрук, негативен рекорд за Лејкерс

Џејмс Харден постигна 41 поен во триумфот на Хјустон Рокетс над Оклахома Тандер 115:112. Пол Џорџ се врати на теренот, а трипл-дабл учинок имаше Леброн Џејмс.

Во првиот натпревар синоќа, кошаркарите на Хјустон Рокитс ја совладаа Оклахома и на тој начин стигнаа до седмата победа на последните осум натпревари.
 
Гостите од Тексас ја забележаа 53. победа сезонава, а Оклахома го доживеа 35. пораз. Иако губеа во текот на целиот меч, кошаркарките на Оклахома Сити Тандер успеаа да се вратат во игра преку Расел Вестбрук. Хјустон ги играше последните 34 секунди без Џејмс Харден, кој мораше надвор поради фаули, но Ракетите се одбранија и заслужено славеа на крајот.
 

„Брадата“ уфрли 41 поен, по шест скокови и шест асистенции, со три украдени топки. Голема помош имаше во повратникот Двајт Хауард кој постигна 22 поени и 8 скокови. Кај Тандер, Расел Вестбрук уфрли 40 поени, имаше 11 скокови и 13 асистенции. Одличен беше и Енес Кантер со 21 поен и 17 скокови.
 
Дуелот на МВП кандидатите
 

По цели осум месеци надвор од терените поради скршената нога, Пол Џорџ се врати во составот на Индијана синоќа и забележа 13 поени и по 2 скока и асистенции за 15 минути. Индијана го совлада Мајами 102:89, во меч во кој најефикасен беше Луис Скола со 23 поени и 12 скокови, Соломон Хил уфрли 19, а Мајлс 17 поени.

За Мајами, Двејн Вејд постигна 29 поени, а Енис 17. Словенецот Горан Драгиќ одново имаше одличен учинок, овој пат со 15 поени и 5 асистенции.

Дебитатнски 13 поени за Пол Џорџ сезонава:

 

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс поставија нов негативен рекорд во клупската историја. Синоќешниот пораз во градското дерби со Клиперси 106:78 беше дури 56-ти пораз за „Езерџиите“ сезонава. Претходниот очаен рекорд беше поставен лани кога Лејкерс имаа 27 победи и 55 порази.

Блејк Грифин со 18 и ДеАндре Џордан со 16 поени и 11 скокови беа најзаслужни за славјето на Л.А. Клиперс рано утринава. Покрај нив, добра партија имаа и Мат Барнс со 14 поени и Крис Пол со дури 15 асистенции за Клиперс, кои по трет пат сезонава го совладаа Лејкерс, а шести пат по ред.

Необично, Лејкерс во месец мај само по четврти пат од 1985. година ќе учествува на драфт лотаријата.

Со Леброн Џејмс на чело, Кливленд го совлада Чикаго Булс 99:94. Џеј-Ар Смит уфрли осум тројки, од тоа една додека беше со телото во аут. Кајри Ирвинг погодуваше од центар, но мечот Кливленд - Чикаго го обележа Кралот Леброн Џехмс со 20 поени (8-17 од игра), 10 скокови и 12 асистенции. Смит уфрли 24 поени, а Кајри Ирвинг 27 поени, 5 скокови и 4 асистенции.
 
За „Биковите“ од Чикаго, Мајк Данливи броеше до 24 поени, Брукс постигна 17, Батлер 16, а Никола Миротиќ 12 поени со 10 скокови.
 
Кошот на Кајри Ирвинг од преку половина терен:
 
 
Како и секоја година, така и оваа, кога се наближува плејофот, Сан Антонио игра се подобро. Спарси се влезени во одлична форма, а тоа го покажаа синоќа против Голден Стејт, 107:92.
 
Кавај Ленард со рекордот на кариерата од 26 поени (11-17 од игра) и седум украдени топки беше водечки стрелец кај Спарси кои ја прекинаа серијата од 12 победи на Голден Стејт Вориорс. Тим Данкан даде 19, а Дени Грин 18 поени. Од друга страна, кај „Воините“, Стеф Кари имаше 24 поени и 6 асистенции, Леандро Барбоса со 12 поени и 4 асистенции.
 
 
Резултати:
 

Оклахома - Хјустон 112:115
Кливленд - Чикаго 99:94
Индијана - Мајами 112:89
Сан Антонио - Голден Стејт 107:92
Њујорк - Филаделфија 101:91
Сакраменто - Јута 95:101
ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс 78:106