Рекордна 60 победа на Голден Стејт, Атланта падна во Шарлот

Кошаркарите на Голден Стејт синоќа го совладаа Милвоки Бакс 108:95 и на тој начин поставија нов рекорд во клупската историја. Атланта Хокс го претрпе и 18 пораз сезонава, но тимот од Џорџија веќе го обезбеди првото место пред плејофот.

Тимот на Перо Антиќ пред две ноќи ја обезбеди лидерската позиција на Истокот пред доигрувањата, по што тренерот Мајк Баденхолцер реши во Шарлот да ги одмори најдобрите првотимци Пол Милсап, Демар Керол, Ал Хорфорд и Кајл Корвер. Шарлот го искористи тоа и славеше 115:110.
 
Во 31. триумф на Хорнетси сезонава, Кемба Вокер уфрли 21 поен, пет скокови и шест асистенции. Џералд Хендерсон постигна 20, со пет скокови и четири асистенции.
 
Кај Хокси, Кент Базмор броеше до 20 поени и пет скокови, Мајк Мускала оствари дабл-дабл учинок со 10 скокови и 18 поени, а Германецот Денис Шредер додаде 17 поени и 11 асистенции. За 21 минута во игра, Перо Антиќ даде само една тројка, имаше два скока и две украдени топки.
 
 
По фантастичната партија на Стефон Кари во Мемфис, Голден Стејт го изедначија клупскиот рекорд по бројот на победи во една сезона. Тимот на дебитантот Стив Кер, синоќа повторно на крилјата на Стеф Кари на гостински терен влезе во историјата. Воините славеа против Милвоки Бакс 108:95.
 

Одличниот Кари за 30 минути на паркетот постигна 25 поени (8/13 од игра, запиша четири скока и шест асистенции. Кари имаше мека рака зад линијата за три поени од каде уфрли 6 тројки од 9 обиди. Најголема поддршка на Кари беше Клеј Томпсон. Репрезентативецот на САД даде 21 поен, пет скокови и четири асистенции.

Поразениот Милвоки Бакс го доживеа 37. пораз сезонава, а најефикасен синоќа против Голден Стејт беше Крис Мидлтон со 14 поени и три асистенции.

Резултати:

Шарлот - Атланта 115:100
Чикаго - Њујорк 111:80
Милвоки - Голден Стејт 95:108
Јута - Оклахома Сити 94:89
Портланд - Денвер 120:114

29 март 2015 - 10:43