
Никола Миротиќ постигна 28 поени, од кои дури 14 во последниот период со 8 скокови во триумфот на Чикаго Булс над Шарлот 98:86. Покрај Шпанецот со црногорско потекло, одличен беше и Пау Гасол со 27 поени и 12 скокови, а Џими Батлер се врати после повредата и уфрли 19 поени и 9 скокови. Кај Хорнетси, Кемба Вокер стандардно добар со дури 29 поени. Со синоќешниот триумф, Чикаго Булс стана третиот тим од Истокот кој обезбеди доигрување.
Ефикасна вечер за Миротиќ:
Сите 44 поени на Харден:
Една од главните улоги синоќа ги одигра бекот на Селтикс, Еван Тарнер кој стигна до трипл-дабл. Во триумфот на Бостон над Бруклин 110:91, Тарнер запиша 19 поени, 12 асистенции и 10 скокови. Тоа значеше и крај на серијата од три порази по ред за Бостон. Голема поддршка Тарнер имаше и од Ејвери Бредли со 20 поени и 7 скокови. Кај Бруклин Нетс, Брук Лопес броеше до 31 поен.
Трипл-дабл на Еван Тарнер:
РЕЗУЛТАТИ:
Г.Стејт – Вашингтон 107-76
Јута – Минесота 104-106
Бруклин – Бостон 91-110
Њујорк – Мемфис 82-103
Чикаго – Шарлот 98-86
Индијана – Хјустон 100-110
Г.Стејт – Вашингтон 107-76
Јута – Минесота 104-106
Бруклин – Бостон 91-110
Њујорк – Мемфис 82-103
Чикаго – Шарлот 98-86
Индијана – Хјустон 100-110