Симпатичните и атрактивни девојки кои се грижат за забавниот дел за време на паузите на секој натпревар се бираат секоја сезона по пат на аудиции. Хокси ги претставија новите 30 за сезоната 2015/2016 во која сè уште не знаеме дали Перо Антиќ ќе биде дел од неа.
Доволно е да си висок, добро граден и да кажеш дека Јута Џез те избрала како 42. пик на драфтот. Ќе те частат кај и да влезеш, девојки ќе ти даваат број и ќе ти нудат дружба. Само затоа што си „пик“ на драфтот а тие слепо ти веруваат.
Карл-Ентони Таунс допрва ќе треба да докажува зошто неговото име ќе остане запечатено како прв пик на драфтот во 2015-та. Ние ќе се потсетиме на драфтовите кои ги извадија кошаркарите поради кои имаме неспиени ноќи.
На синоќешниот НБА драфт Минесота Тимбервулфс го одбра Карл Ентони Таунс, Лејкерси очекувано се договорија со Д'Анџело Расел од Охајо Стејт. Хезоња одбран од Орландо, а Порцингис од Њујорк.
Со почеток во 1 часот после полноќ започнува НБА драфтот на кој хрватската кошарка е пред историски настан, затоа што младиот Марио Хезоња би можел да го сруши рекордот на Дарио Шариќ од лани.
30 години од првата титула со Лејкерс и 24 години од јавната објава дека боледува од СИДА, денес поранешната НБА ѕвезда е претприемач со енормен успех кој учествува и во политичкиот живот на САД.
МВП играчот на финалната серија од НБА лигата има различни патики за секој ден. Рафтовите му се полни, а за некои од нив дава објаснување зошто ги купил. Има и џорданки.
Ако Двејн Вејд се обидува да блефира за да добие нов, побогат договор од Мајами Хит, тогаш тој и татко му прават навистина добра стратегија, но ги загрижуваат навивачите на франшизата каде игра 12 години и освои 3 титули.
По пауза од четири децении кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го подигнаа пехарот во најелитното кошаркарско првенство во светот. Сезоната ќе ја паметат по многу нешта, особено нивниот лидер и МВП на сезоната Стефон Кари. Еве девет од нив.
Општина Аеродром соопшти дека ќе почне со бојадисување на училишните фасади како дел од подготовките за новата учебна година. Но случајно или намерно изборот на бојата им е контра на боите на графитите кои ги користат Фемили Аеродром и кои се симбол на клубот.
Селекторот Александар Џикиќ денес и официјално го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за натпреварите од ЕП против Хрватска, Грција, Словенија, Грузија и Холандија.
По финалната серија од плејофот во Грција, каде дојде да ја прослави титулата на Олимпијакос, Перо Антиќ вечерва славеше и во Белград, каде Црвена Звезда го совлада Партизан 58:54 во финалето од плејофот.
И покрај завршувањето на сезоната и освојувањето на титулата во домашниот шампионат продолжува конфронтацијата меѓу навивачите и управата на МЗТ Скопје која се води преку медиумите и социјални мрежи.
„Не знам, но за мене ништо не си постигнал ако си загубил. Не е важно дали играм во Мајами, во Кливленд или на Марс", изјави Леброн Џејмс откако не можеше сам против оркестарот на Голден Стејт предводен од маестро Стив Кер.
И како нема да биде горда, синот за прв пат и стана шампион во НБА, а беше прогласен и за МВП во лигата. Неговите победи освен како пристрасна мајка, ги доживува и како спортист, бидејќи е поранешна одбојкарка.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се нови НБА шампиони, откако синоќа го совладаа Кливленд и ја затворија серијата со конечни 4-2 во победи. Андре Игудала МВП на финалната серија.
Нема да освои МВП, но неговиот тренер веќе го прогласи за најголем адут во финалната серија. „Против Леброн секогаш носи најдобри одлуки, за што сведочат и 7-те асистенции и ниту една загубена топка", изјави Кер за Андре Игудала.
Четири натпревари Кливленд Кавалирс се потпираа на надчовчеките офанзивни способности на Леброн Џејмс, а синоќа на петтиот натпревар конечно и Стеф Кари покажа зошто е МВП и го доближи Голден Стејт до првата титула после 40 години.
Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.
Неговата желба додека играл во колеџ лигата е да заигра во НБА и да стане најдобар. Ете го во НБА со две шампионски титули и во трка за трета. Го прашуваат и за американскиот фудбал кој престанал да го игра откако го скршил зглобот.