Девет незаборавни моменти од сезоната на НБА шампионот

По пауза од четири децении кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го подигнаа пехарот во најелитното кошаркарско првенство во светот. Сезоната ќе ја паметат по многу нешта, особено нивниот лидер и МВП на сезоната Стефон Кари. Еве девет од нив. 

Одличниот старт

На почетокот од сезоната фаворити на Западот беа Сан Антонио Спарс, а зад нив беа Оклахома, Мемфис и Лос Анџелес Клиперс. Голден Стејт загуби од Клиперси во првиот круг и сите мислеа дека така ќе биде и во следниот дуел. Но во четвртиот натпревар во сезоната Воините ги уништија Клиперси.

Заљубен сум во Коко

Од НБА бараа да престанат да ја пеат оваа песна бидејќи се однесувала на кокаин, но кошаркарите на Голден Стејт одговирија дека тоа се однесувало на корнфлекс кој го има истото име.

Легендарната четвртина на Клеј Томпсон

Интервјуто на Дрејмонд Грин

Стефон Кари против Маверикс постигна за него рекордни 51 поен.

Емотивниот говор на Кари кога го прогласија за МВП на сезоната. Му се заблагодари на својот татко Дел Кари, инаку поранешен НБА играч.

Пресвртот во Њу Орлеанс со кој се сретнаа во првото коло од pлејофот и го совладаа 4:0.

Прес конференцијата на Кари на која главна ѕвезда беше ќерка му.

Титулата

Кошаркарите на Голден Стејт губеа во финалната серија против Кливленд со 2:1, но врзаа три победи и по пауза од 40 години ја освоија НБА лигата.

20 јуни 2015 - 16:58