ГОЛДЕН СТЕЈТ - КЛИВЛЕНД 104:91
Голден Стејт ја заврши третата четвртина со водство од шест поени, но Леброн Џејмс постигна две тројки и еднаш од поле на 7 минути и 47 секунди до крајот на мечот и Кливленд поведе 80-79. Во тие моменти Оракл Арената се надеваше само во еден човек. Натпреварот донесе дури 20 промени на водството, а домаќинот го скрши резултатот во последните минути со серија 19:5, кога Кари постигна 11 поени.
Работите во свои раце ги презеде Стеф Кари, кој синоќа постигна 7 тројки и вкупно 37 поени од кои дури 17 во последниот период (13/23 од игра). И покрај 40 поени, 14 скока и 11 асистенции со кој Леброн Џејмс стигна до трипл-дабл, Голден Стејт на крајот славеше победа и поведе 3-2 во серијата која продолжува во вторник во Кливленд.
Голден Стејт Вориорс не бил шампион на НБА уште од 1975. година, а шанса да го прекинат тој пост ќе имаат во вторник вечер во Кливленд, граодт кој повеќе од половина век чека титула во некој од најпопуларните спортови во САД (кошарка, хокеј, американски фудбал, бејзбол).
„Верувам во нас, затоа што сум најдобар кошаркар на светот", прилично самоуверено изјави Леброн Џејмс после мечот во кој одигра маестрално за 44 минути на паркетот.
Сепак, останува да се види дали Леброн ќе може сам да го изнесе товарот до крај, затоа што веќе се чувствува отсуството на Кајри Ирвинг и Кевин Лав, а играчите се сè поизморени и ротацијата е смалена на 8 имиња.
Кај Вориорс, Драјмонд Грин постигна 16 поени со 9 скокови, Андре Игудала додаде 14 поени со 8 скокови, а Леандро Барбоса уфрли 13 поени. Најголема помош Леброн Џејмс имаше од Тристан Томас кој го заврши мечот со 19 поени и 10 скокови, а Џеј-Ар Смит сите 14 поени ги даде во првиот дел.
Откако НБА го смени системот на финалето на 2-2-1-1-1, тимот кој ја добил петтата средба, ја освоил титулата во 12 од 14 прилики за тоа.
Хајлајтс од мечот:
Маестралниот Кари со 37 поени ги водеше Вориорс до 3-2:
Историски втор трипл-дабл за Леброн Џејмс во едно финале: