ЛА Лејкерс најпаметно трошат во НБА

Пресметувајќи индекс на ефикасност на кој влијаат потрошените пари и остварените резултати од изминатите пет сезони, Американците пресметаа дека ЛА Лејкерс најпаметно ги трошат парите во однос на останатите клубови од НБА лигата.

Индексот за ефикасност е всушност пресметка за тоа колку пари потрошил клубот за една победа. Секоја победа различно се вреднува во зависност од противникот, а во предвид се земени резултатите и парите потрошени во изминатите пет сезони.

Споредено со останатите клубови од НБА лигата, најпаметно трошеле ЛА Лејкерс. Во изминатите пет сезони за плати дале 81,1 милиони долари, оствариле 55,4 победи во просек по сезона и освоиле две шампионски титули.

Просекот на НБА лигата е 69,3 милиони долари и 39,4 победи по сезона.

Зад ЛА Лејкерс се Бостон Селтикс, Мајами Хит, Орландо Меџик и Сан Антонио Спарс. На дното на оваа листа се Њујорк Никс и Минесота Тимбервулвс. Никси потрошиле 87 милиони и оствариле 32,4 победи по сезона, а Минесота вложиле 60,5 милиони за само 20,8 победи по сезона.

Споредено со сите останати спортски клубови од САД, Лејкерси се на петтата позиција. Пред нив се безбол тимовите Тампа Беј и Тексас Ренџерс и хокеј екипите Детроит Ред Вингс и Питсбург Пингвинс.

4 септември 2012 - 14:12