Очекувано, завршниот дел на Европското првенство догодина односно борбата за медали ќе се игра во Истанбул. Претходно, групната фаза ќе се игра и во другите три градови кои ја добија честа да бидат домаќини на еден Евробаскет.
Ваквиот формат ќе се одржи по вторпат откако лани Германија, Хрватска, Летонија и Франција ги пречекаа најдобрите кошаркарски селекции од Европа.
ФИБА го промовираше и новото лого на следниот шампиоонат кој ќе биде последен организиран на две години од последното првенство. Челните луѓе на европската кошарка решија да воведат нов систем според кој Европско ќе се игра на четири години а пласман ќе се обезбедува преку квалификации кои ќе траат цели две години, а не само едно лето како досега.
Најдборите македонски кошаркари под водство на новиот селектор Драган Раца во август и септември ќе игра квалификации за Евробаскетот. Во група сме со Велика Британија, Унгарија и Луксембург. Првопласираната селекција ќе оди понатаму, како и три најдобро второпласирани репрезентации.
Македонија има големи шанси да избори нов пласман на ЕП и за првпат во историјата ќе игра во еден од четирите градови домаќини: Клуж, Хелсинки, Истанбул, Тел Авив. Досега нашите кошаркари играа на Европско првенство во Тулуз, во Познањ и Бидгошч, во Алитус, Вилнус и Каунас, во Јесенице и во Загреб.