Реал Мадрид ја покажа својата моќ на една недела пред големото Ел Класико дерби против Барселона. Во шестото коло од шпанската Примера, Депортиво Ла Коруња повед повед во Мадрид, но потоа прими пет гола од расположените домаќини.
Прв пат по пауза од 23 години екипата на Тотенхем успеа да слави на теренот на Манчестер Јунајтед. На лондонското дерби Челси триумфираше на гостувањето кај Арсенал, на гостински терен славеше и Манчестер Сити, а конечно победи и Ливерпул.
Нема крај на проблемите на Јувентус. Заменикот на Антонио Конте, привремениот тренер Масимо Карера е обвинета за убиство без умисла, односно предизвикување сообраќајна несреќа со фатални последици.
Сликите на разголени мускулести ултраси, припадници на една од најозлогласените навивачки групи во Европа, наместо да шират страв станаа рај за очи и хит на вебстраните за хомосексуалци.
Најдобриот стрелец од редовите на Атлетико Мадрид, Колумбиецот Радамел Фалкао е најдобар реализатор во однос на поминатото време на терен со гол на секои 60 минути. Најефикасниот стрелец во Македонија, вардарецот Јован Костовски не заостанува многу споредено со стрелците од најдобрите лиги во Европа со гол на секои 88 минути.
Колумбиецот Џерардо Бедоја е познат како еден од најгрубите фудбалери на планетата. Тој го заработи и 41-от црвен картон во својата кариера за удирање со лакт на противникот, но тоа како да не му беше доволно. За својата постапка тој доби суспензија од 15 натпревари и ќе плати казна од 5.000 долари.
Во рамките на шестото коло од Премиер лигата оваа сабота ќе се сретнат екипите на Арсенал и Челси на натпревар кој според цените на влезниците ќе ја понесе титулата за „најскап фудбалски натпревар".
Германскиот шампион ја претстави својата најнова СФ машина за тренинг. „Фудбонаут" има 64 мети во околина од 360 степени и е омилена играчка на младинците и на повредените фудбалери во процес на рехабилитација.
Модриќ, Едуардо, Чорлука, Шимиќ, Балабан, Манџукиќ, Олиќ... тоа се „деца" на Мамиќ. Динамо Загреб живее од вакви таленти на кои заработува милиони. Најновиот продукт на школото на Динамо загреб се вика Ален Халиловиќ.
Претседателот на фудбалскиот клуб Каљари, Масимо Челино ја презеде одговорноста за губењето на натпреварот против Рома со службени 0:3 и си се суспендираше.
Фудбалските аналитичари со години се обидуваат да ја откријат тајната за успешно изведување на пенали, а таа била толку проста. Германски научници тврдат дека тајната е во стисната тупаница на левата рака.
Екипата на Јувентус ја продолжи неверојатната серија од 44 натпревари без пораз, но по петтото коло тие веќе немаат максимален учинок во новата сезона откако одиграа без голови на гостувањето во Фиренца.
Доколку Тодоров беше министер во Бразил, на овој доктор сигурно ќе му следуваше поголема плата за неговиот учинок. Освен што ги лечи фудбалерите, тој повремено влегува и во игра како дефанзивец.
Плаќањето на патувања, влезници и реквизити за навивачите ни е добро позната традиција која ја практикуваат многу спортски клубови во Македонија, но богатите арапи се еден чекор понапред. Освен за купување на клубови и фудбалери, тие не штедат пари и за навивачи на кои им плаќаат за да одат на стадион.
На Вук Бабиќ од младинскиот тим на српскиот клуб Полет му беа потребни само две секунди за да го постигне еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот.
На одложениот натпревар заради саботажа на осветлувањето, Реал Мадрид славеше рутинска победа на гостувањето кај Рајо Ваљекано. Кристијано Роналдо постигна гол од пенал, но од овој натпревар ќе остане запаметено едно негово огромно промашување.
На финалето од Лигата на шампиони кое во 2005-та година се одигра во Истанбул, Ливерпул губеше од Милан со 0:3. Тогашниот тренер Рафаел Бенитез во својата автобиографија пишува за тоа што се случуваше на полувремето по кое Ливерпул го направи најголемиот камбек и триумфираше по изведување на пенали.
Разочарани од седумте порази по осум одиграни натпревари, навивачите на Динамо Москва упаднаа на тренинг и решија да им одржат лекција на фудбалерите. Заканите на ултрасите очигледно вродија плод, па така викендов Динамо го победи Амкар со 3:2.