Гремио ја пречека екипата на ЛДУ Кито од Чиле на реванш натпревар во рамките на Копа Либертадорес. Чилеанската екипа го доби првиот натпревар со 1:0, па очекувана беше големата радост помеѓу навивачите на Гремио кога тие поведоа во 61-та минута.
Навивачите на Јужна Америка се познати по прославувањето на головите со „лавина", односно навивачи кои трчаат напред. Но овој пат една таква прослава за малку ќе се претвореше во трагедија откако се сруши заштитната ограда и неколку десетици навивачи паднаа од трибината.
За среќа, во инцидентот нема жртви и само на 8 навивачи им била укажана лекарска помош.
Екипата на Гремио на крајот победи по изведување на пенали.