Фудбал

Продолжува проклетството на Сан Сиро

Интер и Милан немаат победено на Сан Сиро откако е поставен новиот хибриден терен на стадионот во Милано, а ова коло по пауза од три години и двете екипи претрпеа пораз во ист ден натпревари од Серија А.

Голот на Роналдо против Рајо

Невиден гол на Кристијан Роналдо!

Јунајтед со пресврт ја продолжи агонијата на Ливерпул

На емотивен натпревар на кој Ливерпул го одбележуваше расветлувањето на случајот за трагичното загинување на 96 навивачи во Хилсборо, големиот ривал Манчестер Јунајтед со пресврт и неколку спорни судиски одлуки и триумфираше со 1:2.

Барса се намачи, Меси и Виља се скараа

Капитенот Чави со прекрасен гол го сруши бункерот на Гранада во финишот и спречи сензација на Камп Ноу. Натпреварот го одбележа и една невообичаена појава за екипата на Барселона. Лионел Меси и Давид Виља по една акција се скараа на терен.

Гол на Димовски од 55 метри

Поранешниот член на Македонија ЃП и Работнички, Горан Димовски, кој во моментов настапува во молдавското првенство за екипата на Дачија, на натпреварот против Академија постигна гол од 55 метри.

Челси го чува врвот

Фудбалерите на Челси ќе останат на врвот на Премиер лигата и по петтото коло откако го победија Стоук со првиот гол на Кол по пауза од две години. Победи забележаа и Фулам, Евертон, Саутемптон и ВБА, а Вест Хем и Сандерленд ремизираа.

Судија шегобиец

Судијата Ли Проберт беше покосен од Сидвел и Вотсон на денешниот натпревар помеѓу Виган и Фулам по што мораше да му биде укажана лекарска помош, а тој на шега им покажа црвен картон на двајцата фудбалери.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се ремек-делата на Нејмар, Анри и Оскар.

Премиерлигашите ќе го врзат ќесето

Челниците на клубовите од англиската Премиер лига следната недела ќе одржат состанок на кој ќе се дискутира за воведување нови радикални мерки за контрола на трошоците.

Кралевите на Европа, приказната на Челси

Британската телевизија Скај Спортс оваа недела го прикажа документарецот „Кралевите на Европа, приказната на Челси“ за патот на „сините“ до европскиот трон.

Каморанези казнет за фаул од пред 18 години

Поранешниот репрезентативец на Италија, Мауро Каморанези заработи казна за груб старт направен на натпревар во 1994-та година со кој му ја заврши кариерата на противничкиот фудбалер.

Успешен ден за Македонците во Лига Европа

Во првото коло од Лига Европа настапија пет од осумте македонски претставници и сите забележаа солидни резултати, а најуспешен беше Агим Ибраими кој постигна гол против Панатинаикос.

По 23 години пропуштил натпревар заради дупната гума

Навивачот на англискиот клуб Оксфорд Јунајтед ги следел во живо последните 1253 натпревари на својот омилен клуб, но оваа серија по 23 години била прекината заради дупната гума на неговиот автомобил.

Среќлија на векот

Натпреварот од азиската Лига на шампиони помеѓу Сепахан и Ал Ахли за малку ќе се претвореше во трагедија. Домашен фудбалер од теренот отстрани бомба мислејќи дека е камен.

Ладнокрвниот Касиљас

Победничкио гол на Реал Мадрид против Манчестер Сити предизвика ерупција помеѓу гледачите и му ја врати насмевката на Кристијано Роналдо, но Икер Касиљас не се ни помрдна.

Рекорден број Македонци во Лига Европа

Во недостаток на македонски клубови во европските натпреварувања и на македонски фудбалери во клубовите кои играат во Лигата на шампиони, вниманието на македонската јавност ќе биде насочено кон Лига Европа каде оваа сезона ќе настапат дури осум наши играчи.

Челси и Јуве ремизираа, Меси ја спаси Барса

Ефикасен и интересен втор ден од првото коло на Лигата на шампиони. Актуелниот шампион Челси пропушти водство од два гола против Јувентус, а Меси постигна два гола за пресврт на Барселона против Спартак.

86 години Сан Сиро

На денешен ден во 1926-та година со натпревар помеѓу Милан и Интер во употреба беше пуштен сегашниот најголем стадион во Италија, Сан Сиро.

Челси тргнува во одбрана на титулата

Вечерва ќе се одиграат натпреварите од Е, Ф, Г и Х групите од Лигата на шампиони, а најинтересен ќе биде дуелот на актуелниот европски владетел Челси и италијанскиот шампион Јувентус.

Динамо Загреб руши неславни рекорди

Хрватите рушат рекорди, но неславни. Минатата година Динамо Загреб стана најлошата екипа што некогаш играла во Лигата на шампиони, а оваа сезона тие го срушија и рекордот за најмала посетеност на натпревар од Лигата на шампиони.

Лучо Гонзалез - јунак на денот

Капитенот на Порто, Лучо Гонзалез, три часа пред почетокот на натпреварот против Динамо Загреб ја прими веста за смртта на неговиот татко, но тој јуначки го одигра натпреварот и постигна гол.

Роналдо херој на трилерот во Мадрид

Кристијано Роналдо повеќе не е тажен. Тој ја врати насмевката откако Реал Мадрид со неговиот гол во последна минута успеа да го совлада Манчестер Сити и покрај тоа што на два пати губеше во самата завршница. Очекувани победи славеа и Порто, ПСЖ, Арсенал, Шалке, Малага и Борусија, а единствено киксна Милан.

Челси, Меси и ЛШ 2011/12

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите која се надеваме дека ќе биде уште поинтересна од минатата сезона во која Челси ја изненади Европа. Да се потсетиме на најинтересните моменти.