Според тврдењата на шпанскиот весник, во вторникот во седиштето на Реал Мадрид бил одржан состанок помеѓу претседателот Флорентино Перез, генералниот менаџер Хозе Анхел Санчез и капитените Икер Касиљас и Серхио Рамос. Помеѓу другото, Касиљас и Рамос го информирале претседателот Перез за расположението на фудбалерите. Нивниот став е „Мурињо или ние". На кратко, ако Мурињо продолжи да го предводи Реал Мадрид и следната сезона, неколку клучни играчи ќе побараат трансфер.
Но само по неколку часа следеше демант и тоа директно од претседателот Флорентино Перез кој вообичаено не говори во јавноста за дневните случувања во клубот. Според него, целта на ваквите случувања е дестабилизација на клубот.
„Не смеат така да си играат со институција како Реал Мадрид. Не е точно дека капитените изјавиле нешто негативно за тренерот, ниту пак имало некако ултиматум. Информацијата објавена денес е чиста лага и сериозен напад врз нашиот клуб", изјави Перез.