Феенорд кој во јули годинава ќе прослави 105 години од своето постоење, заедно со Ајакс, ПСВ и Утрехт се единствените 4 клубови кои никогаш не испаднале од првата холандска лига. До сега има освоено 14 титули во првенството, 11 Купови и два Супер Купа. На меѓународната сцена два стана првак во Купот на УЕФА.
Ова е подготовката која започнала неколку недели пред мечот, благодарение на компјутерската архива на верен член и волонтер од Асоцијацијата „Феенорд".
Материјалот кој содржи платно долго 45, а широко 10 метри, како и жолти, црвени и црни спрејови се финансирани од Асоцијацијата „Феенорд" и од Здружението на навивачи на клубот. На платното биле напишани 64 259 букви.
Боењето го стартувале девет дена пред почетокот на натпреварот, а се започнало од првиот меч одигран во 1956 година кога впрочем било оформено и холандското првенство.
Најверните фанови не престанале со напорната работа. Оваа слика е само два дена пред стартот на мечот и поради тоа морале да бојат и во 3 часот по полноќ.