Алесандро Амадори, еден од најреномираните психо-политички аналитичари (на изборните кампањи во 2001 на Берлускони и во 2006 на Проди) процени дека со овој удар, Берлускони покажува дека не само што знае да инвестира и да победи во спортот, туку и во политиката."
Додека Кака е сметан како увозна роба, Балотели иако црн и посвоен е сепак Италијанец. Неговото однесување во јавноста, скандалите со жени, страствениот и импулсивен карактер, малку мамин син и малку бунтовник прават Италијанците да си се идентификуваат со него. Балотели е автентична италијанска икона.
Дајте му на Цезар тоа што е на Цезар, Балотели конечно е онаму каде што припаѓа.
Претпоставките се дека со ова, Берлускони ќе си ја зголеми популарноста кај публиката за околу 2% или преведено во гласови, нешто како 400 000.
И Берсани, секретарот на Демократска Партија, ова го смета како типичен предизборен потег, исто како Ибрахимовиќ пред неколку години.
Со истово не е соглесен уредникот на дневникот "Либеро" кој тврди дека ако ова е потег наменет да ги разбранува политичките сили на миланистите, тогаш ова е за психијатриска болница. Ама кој подобро може да знае што е право, а што е криво ако не Берлускони кој еднаш мртов ладен изјави: "Еден среден Италијанец е како дете од шесто одделение, ама не од тие што седат во првите клупи."
Иако само пред петнаесетина дена го нарече скапано јаболко и изјави дека тој во соблекувалните на Милан не би сакал таков човек зошто на росонерите им е важна и човечката вредност, на Супер Марио конечно ќе му се исполни сонот да биде дел од Милан за кој навива цел живот вклучувајќи го и периодот кога играл за Интер.
И доколку не му донесе еден брод гласови, Балотели е карта за идеолошка реконструкција на Берлускони како вечен победник. Марио можеби ќе биде клучот за победата во Ломбардија каде ќе се игра последниот меч за мнозинство во Сенатот.
Кој може да каже дека Берлускони не е најдобриот трговец на светот?
Емили, Италија