Да се соберат заедно Мурињо, Гвардиола, Фергусон и Венгер, сигурно нема да можат да измислат ваква тактика. Секоја чест за тренерот на овој младински тим од Латвија. Штета што судијата им ја прекина оваа прекрасна акција досудувајќи фаул во напад.
Ако Чеде Јаневски сака да си направи проблем со капитените во македонската репрезентација, треба да се обрати за совет кај Капело. Италијанскиот стратег отсекогаш имал проблеми со капитените на националните тимови кои ги предводи. Прво беше Тери, потоа Аршавин, а сега Денисов.
Победата на Македонија над Србија беше причина за огромно незадоволство кај навивачите, но и причина за голем сеир на сметка на нивните фудбалери и селекторот Михајловиќ.
Не е ништо невообичаено некој да има голема желба да се слика со познат фудбалер. Но невообичаено е ако си судија на квалификациски натпревар за Светско првенство и на полувремето да го замолиш Лионел Меси за една фотка.
Икер Касиљас продолжува да руши рекорди. Неговата мрежа не се тресеше девет натпревари, но Оливие Жиру со погодок во 94-та минута ја прекина рекордната серија на Касиљас на 820 минути без примен гол. Ова се бројките зад името на Икер Касиљас.
Без Горан Пандев и без уморните, повредени, казнети и недисциплинирани фудбалери, но со борбени и мотивирани играчи со желба за победа, македонската фудбалска репрезентација го оствари првиот триумф во квалификациите за СП 2014.
Португалецот кој вечерва ќе го прослави својот јубилеен 100-ти натпревар за националниот тим, стана првиот спортист кој собра над 50 милиони фанови на Фејсбук, а во исто време е и најпопуларен спортски „бренд" на Твитер.
Бразилците секогаш нè изненадуваат со нивните видеа од натпреварите во пониските лиги, но овој пат претераа. Натпреварот помеѓу екипите до 13 години на Бахиа и Виториа беше прекинат заради масовна тепачка.
Цанко Цветанов доби отказ од Етар Велико Тарново и во оваа вест нема ништо чудно. Но проблемот е што бугарскиот прволигаш го отпушта истиот тренер по трет пат во рок од три месеци.
Фудбалскиот тим Мадрон од југот на Велика Британија стана познат во 2010-та година година кога загуби со 55:0, а сега телевизијата Channel 4 дури му посвети и краток документарен филм на овој клуб од 14-та англиска лига.
Вечерва Македонија го фаќа последниот воз за Бразил. Македонската фудбалската репрезентација нема право на грешка на дуелот против Србија во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во 2014-та година.
Кога во 2004-та година Лионел Меси се пробиваше во Барселона, главната улога во тимот на Рајкард ја имаа Роналдињо и Деко, па младиот Аргентинец решил да учи од нив и да ги преминува нивните тактики за тренинг.
Прославениот хрватски клуб Хајдук во петокот беше на чекор до стечај, но навивачите успеја да го спасат својот миленик. Под голем притисок од навивачката група „Торцида", градските власти решија да одобрат гаранција за кредит.
Фудбалската федерација на Македонија го раскина договорот со Џон Тошак затоа што тој сакаше да доаѓа во Македонија само за натпревари, но селекторот на Гвајана докажа дека дури ни тогаш не морал да доаѓа, односно можел да ги води натпреварите преку Скајп.
Милионерите од англиската фудбалска репрезентација често се расправаат со сметководители, но надвор од терените. Во петокот тие за прв пат имаа шанса да играат и против нив.
По поразот од Хрватска со 1:2, побаравме коментар и анализа од можеби најкомпетентниот стручњак за една ваква анализа, Драган Канатларовски, човекот кој на два наврати беше селектор на македонската фудбалска репрезентација.
На останатите натпревари од нашата квалификациска група, Србија загуби на домашен терен од Белгија, а Велс ја победи Шкотска, со што Македонија сега падна на последното место.
Македонската фудбалска репрезентација не го издржа притисокот на „Филип Втори" и еуфоријата кај јавноста која се создаде по добрата игра на првите две средби и по втор пат загуби од Хрватска во квалификациите за Светското првенство.
На ранг листата со 721 клубови од првите лиги на сите европски држави, ФК Вардар ја завзема 476-та позиција и е најдобро рангиран македонски клуб. На првото место е Барселона, пред Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Строгите закони на англиските стадиони го претворија фудбалот во театарска претстава, па гостувањето на навивачите на Борусија Дортмунд добро му дојде на Манчестер за мало размрдување на атмосферата.