Ваквиот вид на казна го наложи Јужноамериканската Фудбалска Конфедерација, поради несреќата која две пред недели се случи на натпреварот помеѓу Гремио и ЛДУ Кито. Радоста на најверните фанови позната како "лавина" резултираше со неколку повредени играчи откако се сруши заштитната ограда.
„Гремио мора да ја затвори северната трибина на стадионот за следниот меч, а доколку во следните две години се случи слично такво нешто, стадионот ќе биде затворен за повеќе идни натпревари", се вели во соопштението на Конфередацијата.
Гремио покрај тоа, ќе треба да плати и парична казна од 35 илјади долари. Наредниот натпревар Бразилците го играат против чилеанската екипа Хуанкипато во рамките на Копа Либертадорес, но домаќините мораат да бидат внимателни затоа што Арената во Гремио е еден од стадионите каде што ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Бразил идната година.