Диџеј Мендиета растура по дискотеките

Најскапиот Шпанец во историјата на италијанскиот фудбал за кого Серџо Крањоти во 2001 година плати 90 милијарди лири (48 милиони евра) за да го доведе во Лацио, заплива во музички води.

Шпанскиот репрезентативец Гаицка Мендиета кој се прослави во дресот на Валенсија е постојано на релација Шпанија-Англија каде што ги полни дискотеките. По пензионирањето во 2008 година Мандиета одлично знае како да си го пополни времето.

Спортскиот дух го одржува со коментирање на натпреварите од Премиер лигата на телевизијата Скај, а паралелно работи и како Диџеј во тандем со неговата блиска пријателка Хуан Виториа која е музички новинар.

Музиката со која поранешниот фудбалер ги забавува гостите е Рок од 60 и 70-тите години како Њујорк Долс, Грувис, Иги Поп и Аретна Фралин. Шпанските медиуми се пошегуваа на негова сметка со насловот „Полесно му е да пушта музика, отколку да шутира пенали".

Мендиета заедно со својата пријателка беа дел и на еден од најпознатите летни фестивали во светот „Беникасим" во Шпанија, а тој на публиката и се престави под псевнодином Гастеиз Ганг.

38 годишниот Мендиета по 8-те успешни години во Валенсија, иако беше најавен како бомбастичен трансфер во Лацио, не се снајде во италијанскиот фудбал. До крајот на својата кариера која му заврши пред пет години ги бранеше боите и на Барселона и Мидлсборо.

14 февруари 2013 - 10:34