Џеко продава на eBay за сираците од Сараево

Напаѓачот на Манчестер Сити и покрај големата слава и луксузниот живот, повторно покажа дека не го заборава местото од каде што потекнува.

По неодамнешниот гол кој го постигна против Арсенал и кој го посвети на неговите стари другари со кои израснал во Сараево, Един Џеко направи уште еден пријатен гест кој е за поздравување.

Маицата која на носеше на натпреварот против „Топџиите" на 13 јануари и со кои ги поздрави луѓето со кои го минал тешкото детство за време на воениот конфликт во Босна и Херцеговина, ја стави на аукција на Ибеј.

За сега цената која ја достигна изнесува 10.000 долари, а парите од продажбата ќе ги донира во домот за деца без родители во Сараево.

13 февруари 2013 - 16:15