Фудбал

Офсајд лик на денот: Мохамед Ал-Фаед

Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.

Реал и Атлетико немаат победа со Кујперс

Финалната пресметка од Лигата на шампионите во Лисабон на 24 мај, му се падна на холандскиот арбитар со кој финалистите немале досега среќа.

Жив ѕид за шутот на Тони Мицевски

Бразилците најдоа лек за ниските шутеви од слободен удар со каков што Тони Мицевски ја матираше Турција, а подоцна го ископира и Кристијано Роналдо против Баерн Минхен. За жал овој жив ѕид не им помогна на фудбалерите на Понте Прета на натпреварот против Парана.

Симеоне: „Цела Шпанија навива за Атлетико Мадрид“

Човекот кој не само што покажа дека шпанската Примера не е лига на два клуба, туку и е блиску до освојување на националната и континенталната титула, верува дека неутралните навиваат за Атлетико Мадрид.

Како се завршува еден карамбол

Фудбалерите на Сантос се изнамачија да ја затресат мрежата од близу и да стигнат до израмнување, но затоа од далеку ја следеше целата кација Пјер Кок кој покажа дека послесно е од 30 метри.

Јапонски лажњак

Лудите Јапонци смислија и нов начин на изведување на слободен удар со мамење на живиот ѕид и тоа не еднаш, туку четири пати. Финтата ја изведоа фудбалерите на Кјото Санга против Јокохама на натпревар од јапонската втора лига.

Најтрагичниот автогол во историјата на Светските првенства

На 36 денови пред почетокот на Светското првенство во Бразил, ги одбележуваме 36-те автоголови постигнати во историјата на Мундијалите. Еден таков гол во сопствената мрежа, Колумбиецот Ескобар го плати со својот живот.

Пандев го доби македонското дерби во Италија

Горан Пандев беше поуспешен од Агим Ибраими во дуелот на македонските интернационалци во италијанската Серија А. Поранешниот капитен на македонската репрезентација беше стрелец и изнуди два пенали во победата од 3:0 над Каљари.

Неуспешната фудбалска авантура на Фалкао

Кога ќе го прочитате ова име, мислите дека е колумбискиот напаѓач кој го предводи нападот на Монако. Но всушност се поклопува со двократниот светски првак во футсал. И покрај тоа што овој мајстор е роден со топката, со неа царува само во сала.

Шпанската фудбалска империја

И покрај тоа што сите говорат за „смртта на тики-така", шпанскиот фудбал преку своите претставници како никогаш досега доминира во европски и светски рамки.

Хрватска го напаѓа Бразил

Нашите противници од квалификациската група за Мундијалот, на 12 јуни ќе бидат во центарот на вниманието. Тие го отвораат летниот фудбалски празник во дуел со домаќинот, а на 37 дена до мечот почнаа да се мотивираат со своите најсилни оружја.

Манчестер Сити е најефикасниот англиски клуб во историјата

Вчерашниот кикс на Ливерпул кој прими три голови за 9 минути од Кристал Палас, го доближи уште повеќе Сити до нова шампионска титула. Машинеријата на Пелегрини е првиот тим на островот кој за една сезона успеал да ги крене на нозе своите навивачи 150 пати.

Зошто Светското првенство во Катар ќе биде катастрофално

Четири години по доделувањето на правото за организација на Светското првенство во 2022 година на земја без фудбалска инфраструктура и традиција, Катар сè уште не нè разубеди дека е најконтроверзниот домаќин на еден Мундијал. Еве зошто.

Хулиганот кој му го уништи славјето на Наполи

Финалниот меч од Купот на Италија помеѓу Фиорентина и Наполи кој се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим, мина доста неславно со задоцнување од 45 минути. Виновникот за тоа беше ултрас на Рома кој веќе 20 години дивее по стадионите.

Зависноста на Барселона од Меси

Нема клуб кој не би го посакал, затоа Каталонците речиси секоја година му го продолжуваат договорот. Според постоечкиот, на „Камп Ноу“ ќе игра до 2018 година, но според Марка се крчка нов договор, вкупно седми за девет години со кој треба да стане најплатен играч во светот.

Искинатите тикети поради Челси

Жозе Мурињо тотално му го искомпликува патот на Ливерпул за титулата, koja тешко е за верување дека ќе отиде и во негови раце. Причините за тоа нека ги бара во резултатите со екипите од долниот дел на табелата, кои на вас ви носеа само загуби во кладилница.

Вака се навива во 10-та лига

Нисколигашите во некои земји не само што имаат стадиони и терени, туку и навивачки групи за кои нашите прволигаши можат да сонуваат. Верувале или не, видеово што ќе го погледнете е од натпревар од француската 10-та лига меѓу екипите на Сент Жермен и Месон Лафит.

Ливерпул има 12 играч во сенка

Фудбалот не се базира само на кондиција, тактика и тимска игра. Во долгата девет месечна сезона се случуваат кризи, повреди, пресврти, неочекувани порази. За играчите полесно да ги надминат, клубовите ангажираат психијатри кои им укажуваат дека главата не служи само за удирање на топката.

Не ми се брани веќе!

Викендов во естонската втора лига се одигра вистинска комедија во која главната улога ја имаше голманот на гостинскиот тим. Откако прими пет гола, голманот си отиде дома, а негов соиграч, онака најмаалски реши да го смени на голот.

Навивачите на Борусија Дортмунд повторно на европскиот врв

Навивачите на германскиот вице-шампион, Борусија Дортмунд си ја одбранија титулата во Европа. И оваа сезона нивниот стадион беше најисполнет во конкуренција на сите европски фудбалски гиганти.

Навивачка кореографија, левел 2

Викендов се одигра големото данско дерби меѓу ФК Копенхаген и Брондби и како што е редот, домаќините ги пречекаа ривалите со кореографија, но не обична.

Математиките за титулата во Шпанија

Трката за титулата во шпанската Примера сè уште е отворена откако Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид не победија викендов. Кој, кога и како може да ја освои титулата во Шпанија?

Пандев го освои Купот на Италија

Во финалето на Купот на Италија, екипата на Наполи ја победи Фиорентина со 3:1 и Горан Пандев по петти пат во својата кариера го подигна трофејот од ова натпреварување.