Диего Лопез
32 - годишниот Лопез е роден во Галиција, а во Милан доаѓа по година ипол престој во Реал Мадрид. Со 73 настапи на голот на „кралевите“, успеа во целост да го тргне од првиот состав навидум незаменливиот Икер Касиљас. Во Милано дојде како позајмен играч, со опција неговиот договор да биде откпуен следното лето. Претходно беше позајмуван во Виљареал и Севиља.
Габриел
Бразилецот во Милан дојде во 2012 година и стана прв голман на младинскиот состав. Во октомври 2013. година, Габриел дебитираше и за првиот тим на црвено - црните на мечот против Удинезе. Токму во него, новиот тренер, Пипо Инзаги гледа прва резерва на Лопез.
Дида
За Дида може да се каже дека спаѓа во категоријата легендарни голмани на Милан кој си замина со 302 настапи. Актуелниот голман на бразилски Интернационал со „Росонерите“ освои едно Скудето (2004), Куп на Италија (2003), италијански Супер куп (2004), ЛШ (2003, 2007), Уефа Супер Куп (2003, 2007), Интерконтинентален Куп (2007).
Жељко Калач
Австралиецот со хрватско потекло 4 години му беше замена на Дида. Дојде од Перуџа, откако претходно во дресот на Рода токму против Милан правеше чуда во натпревар од Купот на УЕФА. Калач е еден од ретките голмани, кој како резерва се појавил на 56 натпревари и освоил Лига на шампиони, Супер куп на Европа и Светско клупско првенство.
Елефтеропулос
Некогашниот голман на Олимпијакос и Месина, во 2005. година стана првиот Грк кој заиграл во Милан. Сепак, Елефтеропулос мошне кратко се задржа на Сан Сиро, каде имаше само два настапи на американската турнеа на Дијаволо. Милан брзо го продаде во Рома.
Јенс Леман
Малкумина знаат дека чудниот Германец, кој мочаше на терен и одеше на тренинг со хеликоптер, го носел дресот на Милан. Дојде од Шалке во 1998. година, во пресрет на Светското првенство во Франција. Само на шест натпревари стоеше меѓу стативите, а притоа направи и еден пенал против Фиорентина кој го реализираше Батистута.
Германецот веќе во 1999. година замина во Борусија Дортмунд. Бранеше уште и во Штутгарт и Арсенал, со кој играше финале на ЛШ против Барселона кога беше исклучен.