Во ситуација кога повеќе од 500 луѓе починаа во Гвинеjа како резултат на зараза од новиот вирус, во Африка во моментов најмалку се размислува за фудбалските натпревари.
Того, репрезентацијата во која игра Адебајор, побарала дислокација на мечот против Гвинеја, кој е на програмата на 5. септември.
„Исплашени сме од ситуацијата и ќе се обидеме да се држиме до советите од нашите здравствени работници“ – стои во соопштението на фудбалската федерација на Того.
Во изминатиот период, федерациите од земјите во близина на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне решија да побараат поместување на натпреварите во кои овие земји ќе бидат домаќини во квалификациите.
По цврстата одлука да не настапат на реванш натпреварот од предквалификациите против Сиера Леоне, репрезентацијата на Сејшели го загуби правото на настап, а Сиера Леоне обезбеди место во квалификациите каде ќе се судри во група со Брегот на Слоновата коска, Конго и Камерун.
Во меѓувреме, фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне доставил допис до ЦАФ во кој се наведува дека се подготвени средбите како домаќини да ги играат во Мароко, Сенегал или Гамбија.
Дискусијата доби поголем замав откако и Светската здравствена организација (СЗО) ја запали црвената сијаличка поради вирусот Ебола.